Зоран Тодоров влезе во трката за градоначалник на Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Кочани доби нов независен кандидат за градоначалник.

Зоран Тодоров пред речиси еден час ја поднесе својата кандидатура за градоначалник за претстојните локални избори што ќе се одржат на 19 октомври годинава.

 

Тодоров е роден во 1978 година во Кочани, а по професија е економист и долгогодишен граѓански активист.

Тој стои зад формирањето на повеќе организации и здруженија, меѓу кои Ротари клубот Кочани-Виница, „Воскресение“ и Одбор ,,За здрав живот“. Во моментов го раководи Центарот за солидарност ,,Сакам живот во Кочани”.

Во јавноста е препознаен по своите умерени ставови и ангажманот во реализирањето на повеќе значајни општествени проекти.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Новите членови на Советот на Општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиово-Облешево

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

Александар Андов: Победивме, но не славевме на улица со музика, затоа што сочуствуваме со граѓаните на Кочани….

Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите Вчера, на 19 октомври, се одржа првиот круг од Локалните избори 2025 година. Изборите во Општина Кочани поминаа во фер и демократска атмосфера, во кое нашите сограѓани ја изразија својата волја за тоа каква општина сакаат да имаат во следните четири години. Како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Тодоров: Ќе останам доследен на принципот кој го протежирам со подадена рака кон сите граѓани

Почитувани, Како прво да им честитам на Венко Крстевски и Влатко Грозданов влез во втор круг на локалните избори. Им честитам на советниците за изборот посебно од мојата листа Влатко Здравков и Мануела Саидова и им посакувам успешна работа. Имавме многу умерена и позитивна кампања која не беше препознаена од кочанчани. Ќе останам доследен на