Знамето на Ромите на јарболите пред општинската зграда во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Претрпладнево, на јарболите пред зградата на Општина Кочани беше кренато ромското знаме, симбол на идентитетот, културата и историјата на Ромите ширум светот, со што продолжува одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Со овој чин е испратена порака за почитување на различностите и градење инклузивно општество во кое сите граѓани имаат еднакви можности.

По подигнувањето на знамето, градоначалникот Владко Грозданов приреди прием за претставници од ромската заедница во Кочани. На средбата се разговараше за актуелните предизвици, но и за постигнатите резултати и идните активности насочени кон подобрување на условите за живот, образованието, вработувањето, домувањето на Ромите.

Градоначалникот упати честитки по повод празникот, истакнувајќи дека Општина Кочани останува посветена на унапредување на еднаквоста, меѓусебната почит и соработката со сите заедници. Претставниците на ромската заедница изразија благодарност за вниманието и поддршката, потенцирајќи ја важноста на заедништвото за создавање подобра иднина, се наведува во соопштението од локалната самоуправа.

Одбележувањето на 8 Април во Кочани е потсетник дека културната разновидност е богатство, а заедништвото – основа за напредок на целата заедница.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ДПД Кочани учествуваше на „Marcana Fire 2026“ – освоено 7. место

Доброволното противпожарно друштво Кочани учествуваше на петтиот меѓународен натпревар „Marcana Fire 2026“, кој се одржа во организација на DVD Općine Marčana. Во конкуренција од 15 екипи, претставниците на ДПД Кочани го освоија седмото место, што претставува солиден резултат на меѓународна сцена. Од друштвото упатија благодарност до организаторите за, како што наведуваат, одличната организација и гостопримството.

Котевска на проекцијата на „Приказната за Силјан“ во Кочани: Филмоте е потсетник каква магија и убавина има во Македонија !

Со  документарецот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, ЦК „Бели мугри“ го означи стартот на новата сезона на филмски проекции во Кочани. Љубителите на големото платно синоќа  ја преполнија кино салата на кочанската Националната установа. Се бараше билет повеќе за да се биде просутен на првата проекција на новото платно, со новата дигитална опрема и

Во Општата болница – Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот

Поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион. Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија взаемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата.Мамографиите ќе се изведуваат во Општата болница во Кочани,