ЖФК Кочани нов шампион во Втората лига – следната сезона ќе играат во Прва лига

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Фудбалерките на ЖФК Кочани го освоија шампионскиот трофеј во Втората македонска женска фудбалска лига и со тоа обезбедија директна промоција во елитното друштво – Првата женска фудбалска лига на Македонија.

Со одлични настапи низ целата сезона, тимот од Кочани покажа доминација, борбеност и голема спортска зрелост, освојувајќи ја титулата и обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите клубови во земјава.

Ова еуспех за клубот и мотив за уште посериозни подготовки пред предизвиците што ги носи Првата лига.

Управата на клубот им се заблагодари на фудбалерките, стручниот штаб и навивачите за поддршката, со пораката дека „ова е само почеток на една нова успешна приказна за женскиот фудбал во Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В петок од 20 часот во „Бели мугри“ – Хуманитарно ќе се игра „Избувливиот човек“

На 23.05.2025 година – петок, во 20 часот, во НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ќе се одигра претставата „ Избувливиот човек“, работена на текст на А.П.Чехов. Режисер на претставата е Перо Даниловски. Улогата ја толкува актерот Ефтим Ѓаурски Трајчов. Билети можат да се купат на билетарата во Центарот за култура по цена од 200

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква, работиме на целосно унапредување на сите полициски капацитети

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во одморалиштето на МВР во Пониква ги пуштија во употреба реновираните спортски капацитети наменети за вежбовни активности на полициските службеници. „Со министерството за спорт неодамна потпишавме Меморандум за соработка со кој ќе ги надградиме, реновираме и унапредиме поголемиот дел од спортските

Се одржа тринаесетото издание на АФКО 2025

Во петок, 16. мај 2025 се одржа АФКО 2025. Библиотеката при Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе беше претесна да ги собере сите љубители на афоризмот кои сакаа да ја следат оваа манифестација. Манифестацијата АФКО (во првите свои изданија позната како „Вечери на македонскиот афоризам“) годинав требаше даго има своето тринаесетто издание на 28 март