ЖФК Кочани нов шампион во Втората лига – следната сезона ќе играат во Прва лига

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Фудбалерките на ЖФК Кочани го освоија шампионскиот трофеј во Втората македонска женска фудбалска лига и со тоа обезбедија директна промоција во елитното друштво – Првата женска фудбалска лига на Македонија.

Со одлични настапи низ целата сезона, тимот од Кочани покажа доминација, борбеност и голема спортска зрелост, освојувајќи ја титулата и обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите клубови во земјава.

Ова еуспех за клубот и мотив за уште посериозни подготовки пред предизвиците што ги носи Првата лига.

Управата на клубот им се заблагодари на фудбалерките, стручниот штаб и навивачите за поддршката, со пораката дека „ова е само почеток на една нова успешна приказна за женскиот фудбал во Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пеколни топлотни бранови ќе ја зафатат Македонија во текот на летото

Летото 2026 година во Македонија се очекува да биде значително потопло од повеќегодишниот просек. Според најновите прогнози, земјава ќе биде под влијание на чести и интензивни топлотни бранови од Африка, кои ќе донесат екстремно високи температури. Во поголемиот дел од државата температурите често ќе надминуваат 35 степени Целзиусови, додека во Повардарието, Скопската Котлина и југоисточните

Lidl го започнува караванот за вработување – првата станица е Штип

Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи денеска, 16 јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат

Хуманост, музика и сеќавање: Кочани оддаде почит на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата

Со музика, хуманост и силна порака за заедништво, во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата што длабоко го потресе градот и целата јавност. Голем број граѓани присуствуваа на настанот, каде што беа организирани модна ревија, хуманитарна продажба на фустани и богата музичка програма.