Утрово, полицијата сопрела возило „фиат” и утврдила дека возачот- жена од с. Мало Коњари во близина на старата автобуслака станица, вози под дејство на алкохол. И биле измерени 1.51 промили алкохол во крвта и веднаш била приведена во полициска станица.
„На 22.03.2026 во 03:35 часот на ул.„Андон Слабејко” во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишија од слобода С.Ј.(38) од с. Мало Коњари, прилепско. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ј., при што констатирано било дека го управувала возилото под дејство на алкохол, односно измерени и биле 1.51 промили алкохол во крвта, се вели во полицискиот билтен од СВР Битола.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок .









