Земјотрес во Северозападна Македонија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 10:05 часот се почуствувал во Северозападна Македонија. Епицентарот, според информациите, бил на 15-тина километри северно од Тетово, во општината Теарце.

Жителите на градот и околината пишуваат на социјалните мрежи  дека таму земјотресот се почувствувал како многу силно тресење, што предизвикало предмети да паѓаат од полици. Земјотреспт траел десетина секунди.

Потресот го почувствуваа жителите на Тетово и Скопје.

Засега нема информација за предизвикана материјална штета.

Еепицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Ден на тутунските работници: треба правична, транспарентна и одржлива рамка за тутунопроизводството

Организацијата која повеќе децении беше легитимен претставник на тутунопроизводителите – Сојузот на здруженија на тутунопроизводители денеска со собир на претставниците од 15 те здруженија членки на Сојузот, го одбележа Денот на тутунските работници – 4 ти април во Прилеп.  Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Република Македонија постои од 1953...

„Недела на пешаците“ – едукација за учесниците во сообраќајот

Авто Контрол активно се вклучи во реализација на едукативна активност насочена кон подигнување на свеста за безбедноста на пешаците. Активноста е во рамките на националната кампања „Недела на пешаците“, иницирана од РСБСП, а во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во Прилеп. Традиционално и овој настан беше во...

Деведесет години од смртта на Леонхард Мазинг – авторот на првата докторска дисертација за македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година, пред 90 години, во Тарту, Естонија од овоземскиот свет засекогаш замина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска дисертација за посебноста на македонскиот јазик. Но неговото име никогаш нема да изчезне додека на планетава живее и последниот Македонец. Интересот за македонскиот јазик се...