Прилепското Здружение за образование, култура и уметност ЗОКУМ распиша награден конкурс за поетски ученички творби за деца од основните училишта од регионот на четирите општини Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево. Конкурсот е објавен по повод 110 години од раѓањето на прилепскиот поет Волче Наумчески ( 18 јануари 1916, Прилеп-20 март 1980, Скопје), кој е автор на првата стихозбирка целосно отпечатена на македонски јазик во 1939 година, насловена „Иди пролет“.
За наградите ќе можат да конкурираат ученици од 3 до 5 то и од 6 до 9 то одделение, ова се условите:
Конкурс за ученички поетски творби
„Кој не сака пролет?“
1.Право на учество имаат сите ученици од основните училишта во Општина Прилеп, Општина Долнени, Општина Кривогаштани и Општина Крушево,
2.Конкурсот е поделен во две категории
– за учениците од 3 до 5 одделение
– за учениците од 6 до 9 одделение
3.Во двете категории ќе се доделат прва, втора и трета награда.
4.Темата е слободна.
5.Творбите се испраќаат во еден документ фонт Times New Roman, со македонска поддршка и со големина на буквите 12. Во документот треба да се наведат име, презиме, одделение, училиште, место и општина на ученикот и податоци за менторот или родителот.
6.Творбите да се испраќаат на електронската адреса: zokumprilep@gmail.com
7.Краен рок за испраање на творбите е 27 февруари.
8.Сите учесници ќе добијат благодарници за учество.
9.Наградените ќе добијат дипломи, книги и други подароци од организаторот.
10.Ќе биде органзиран посебен настан на кој ќе бидат соопштени наградените учесници и ќе имаат можност да ги прочитаат нивните песни.









