Здружение Тутунски земјоделци: прецизни барања за фер откуп, реална цена и иднина на секторот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Здружението Тутунски земјоделци во соработка со други здруженија, производители и стручни лица од областа на одгледувањето на тутун во периодот најавен за прибирање мислења во однос на најавените измени и дополнувања на Законот за тутун и тутунски производи, поднесе прецизни предлог барања до Владата, ресорното министерство, Собранието, Стопанската комора  и пратениците.

„Преку овие барања сакаме да дадеме свој придонес како здружение – тутунопроизводството да се стабилизира и да има иднина. Не сакаме младите да ни заминуваат во странство,“ рече во телефонски разговор за Радио Пела Флоре Груевски, од Здружението тутунски земјоделци, производител од Могила.

Станува збор за шест точки кои се однесуваат на увозот на сиров тутун, начинот на пресметка на за дефинирање на откупната цена пред почеток на реколтата, надзорот и контролата на откупот и улогата на Сојузот – организацијата претставник во преговорите.

Прецизирани се 6 барања:

Целосна забрана на увоз на сиров необработен тутун, со која би се запрела нелојалната конкуренција и загрозување на домашното производство. Според Здружението недоволна е временски ограничената забрана која што сега е на сила за време на периодот од откупот на тутунот;
Прогласување на тутунот за историско-културно наследство (национално благо), како дел од македонската историја, традиција и културен идентитет на многу генерации производители;
Воведување јасно дефинирана и обврзувачка формула за пресметка на откупна цена, со која што според Здружението би се обезбедила просечна откупна цена на тутунот базирана на реалната производна цена, инфлацијата и најмалку 50 отсто надомест на трудот на производителите како долен праг;
Линеарно субвенционирање во висина од 100 денари по килограм предаден тутун за сите класи, со што би се обезбедил еднаков третман на сите производители и делумна компензација на растечките трошоци и вложениот труд. Дополнително секоја година да се врши процентуално усогласување и зголемување на износот на субвенцијата по килограм;
Обврзувачко мислење на Сојузот на тутунски здруженија – со што мислењето на Сојузот на тутунски здруженија во процесот на утврдување на откупните услови и цени да биде обврзувачко со дефинирани надлежности и одговорности;
Строг надзор и еднакви правила во целиот процес на откупот со што државата, преку Министерството за земјоделство и Државниот инспекторат за земјоделство, а од друга страна Сојузот на тутунските здруженија со своите повереници на вагите да обезбедат редовни и ефективни инспекциски контроли за време на откупот.

Воедно, ова барање опфаќа и старт и крај на откупот во ист ден за сите откупувачи, примена на исти правила за проценка, класификација и одбитоци за сите производители со исти правила за цреме на откупната сезона. Што се однесува на цените договорени во март тие да бидат прелиминарни, а конечните да се утврдуваат со анекс најдоцна месец денови пред почетокот на откупот.

Како што се наведува во образложението на Здружението на земјоделски тутунари целта на овие барања е фер откуп, реална цена, и во крајна линија иднина за тутунопроизводителите. Со примената на ваквите дополнувања и измени би се вратила довербата кон тутунскиот сектор, стабилизација на пазарот и одржливо тутунско производство.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вкупниот процент на наплата на даноци за 2025 година во Општина Прилеп е 60%

Вкупниот процент на наплата на даноци за 2025 година во Општина Прилеп е 60%, но сè уште голем број на физички и правни лица ги немаат подмирено своите обврски кон општината. По основ на данок на имот за физички лица годишниот облог е над 50 милиони денари, а за правни...

Блокадите на македонската граница продолжуваат само за тешки товарни возила

Блокадата на товарниот сообраќај на граничните премини низ Македонија продолжува со полн интензитет и денеска. Македонските превозници, поддржани од колегите од Србија, Црна Гора и БиХ, јасно порачаа: „Не сме туристи, туку професионалци“. Тие бараат итно решение за правилото 90/180 дена кое, со воведувањето на новиот ЕЕС систем во април,...

(ВИДЕО)Антипод: Два рекорда, еден ден, еден човек-Дарко Неданоски, авантурист по вокација, спасител по професија

Авантурист по вокација, спасител по професија, човек кој што го води андреналинот да истражува, да руши граници, да запознава нови светови во длабочините и во височини. Подвизите и струшените рекорди на Дарко Неданоски пред 3 години беа поттик за режисерот Бојан Секулоски за креирање на  авантуристичкиот филм „ Антипод“. Филмското...