Завршна конференција на проектот „Зајакнување на ромските и про-ромските организации во процесот на ЕУ интеграција“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Проектот „Зајакнување на ромските и про-ромските организации во процесот на ЕУ интеграција“, спроведен од Здружение на Роми „Авена“, успешно го заокружи своето повеќемесечно спроведување со завршна конференција во Кочани.

Иницијативата имаше за цел да ја зајакне улогата на ромската заедница и локалните организации во процесот на пристапување на Македонија кон Европската Унија и да создаде долгорочни механизми за застапување и учество.

Клучна основа на проектот беше сеопфатното истражување на состојбата на ромската заедница во Кочани. Преку повеќе од 100 анкетни прашалници и најмалку пет длабински интервјуа со активни членови и претставници на институции, беа идентификувани главните социо-економски предизвици, потребите за вклучување и бариерите во процесот на ЕУ интеграција. Овој извештај стана патоказ за понатамошните активности.

Следеше серија од три еднодневни обуки за 20 претставници на ромски и про-ромски организации. Обуките се фокусираа на застапување на права, лидерство, управување со проекти и ефективна комуникација со институциите, обезбедувајќи практични алатки за поголемо влијание во заедницата.

Во рамки на проектот по завршување на обуките започна подготовка на Стратегија за застапување, изработена во консултација со сите релевантни чинители. Стратегијата дава конкретни чекори за унапредување на правата и интересите на ромската заедница на локално и национално ниво и претставува долгорочен документ за акција.

Проектот воспостави и  Локална платформа за ромските организации, создавајќи простор за редовни средби, размена на искуства и заеднички настап кон институциите.

Со завршната конференција, на која учествуваа претставници на институции, локални организации и граѓани, беа презентирани сите резултати – од истражувањето до стратегијата – и беа дадени препораки за продолжување на процесот на европска интеграција со активно учество на ромската заедница.

Овој проект ја постави основата за посилно и поодржливо учество на ромските организации во креирањето политики и нивно активно вклучување во европските интеграциски процеси.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Кочани гласале 131 болни и немоќни лица од пријавени 135

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, своето право на глас, денска го остварија болни и немоќни лица. Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, вкупно 135 болни и изнемоштени лица претходно беа пријавени за гласање од дома. Од нив, 131 лице го искористи своето избирачко право,

Во Кочани тече гласањето на болните и изнемоштените пред неделните избори

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, денеска своето право на глас го остваруваат болните и немоќни лица, како и граѓаните кои се наоѓаат во притвор или издржуваат затворска казна. Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, денеска гласаат 135 болни и изнемоштени лица, кои претходно се

ШЕСТКА ВРЕДНА НАД 460.000 ДЕНАРИ

Во 82 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 1, 5, 6, 16, 26, 30 и 33. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше една шестка вредна 465.696,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 52.757.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е: 3, 1, 4, 3, 9, 6. Добивки со шест и пет погодоци немаше.