Заврши Пивофест 2025-Тајзи: Вечерва е доказ дека Македонците си ги сакаат македонските артисти!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Настапот на Тајзи вечерва, на  третата и последна вечер на Пиво фестивалот во Прилеп,  навистина беше сведочење дека покрај сите тешки услови, македонските артисти не само што создаваат одлична современа музика, туку и беспрекорно владеат со сцената, срдечно се однесуваат со обожавателите и имаат респект кон своите колеги.

Буквално, како јагода на шлагот Тајзи значително ја подигна атмосферата пред публиката која беше побројна за разлика од претходните две фестивалски вечери. Тој настапи по успешните претставувања на Екстра бенд и Модерато бенд, пренесе силна емоција, испрати пораки за обединување на македонскиот народ, за чување на идентитетот, почитување на домашната музичка сцена, но не заборави со повик за ѕвездено небо да им одаде почит на настраданите во несреќата во Кочани, да ги испее безвременските хитови на Тоше Проески, Влатко Стефановски… Сета негова посветеност  и искреност публиката ја награди со постојано играње и пеење, а многумина успеаја да се фотографираат со нивниот омилен изведувач.

По него  пред веќе расположента публика, настапи познатиот српски пејач Никола Роквиќ во чии песни уживаа повеќе генерации со оглед на тоа што освен свои песни, испеа и добро познати хитови од неговиот татко Маринко Роквиќ, од Тома Здравковиќ и од неколку негови колеги, но со „Несаница“ оддаде почит и на Тоше Проески. Публиката не дозволуваше да си замине па тој пееше без престан повеќе од два часа, иако при крајот настана проблем со озвучувањето кој набрзо беше решен.

Годинешното издание на Пиво фестивалот иако со организациски пропусти, сепак дава надеж дека ќе се врати стариот сјај на оваа популарна и важна манифестација за Прилеп, а реакциите на посетителите покажуваат дека на градот му е потребно вакво случување.

 

Филип Димкоски

фото: Никола Димески

 

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...