Во Крушево заврши меморијалниот турнир во мал фудбил Сотир Мазар 2025 кој се одржа во спомен на Сотир Стојчески Мазар, кој ненадејно почина во април оваа годинав, на 31 годишна возраст.
Победник на турнирот беше екипата која го носеше дресот на омилениот тим на Сотир Мазар, во исклучително интересен натпревар со Дени-Кар од Големо Коњари. За ферплеј е избрана екипата на најмладата – ФК Пластика, за најдобар голман на турнирот беше прогласен Благојче Спасески од екипата Јанески Транс, а најдобар стрелец на турнирот беше Ѓорѓи Стрезоски од шампионите. Организаторите доделија и награда за млад талент, која му припадна на Петар Ристески.
Во дуелот за трето место подобри беа Јанески Транс во дуел со Вила Тео с. Селце, а наградите беа доделени од страна на спонзорите, семејството и градоначалникот на општина Крушево.
Првото издание на Меморијалниот турнир доби многу позитивни коментари, а публиката во голем број ги следеше финалните натпревари и целиот турнир. На турнирот учествуваат 12 тима.