Заврши комуналниот проект за одведување атмосферска канализација на влезот од Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Преку средства од Програмата за инвестирање во животната средина од Министерството за животна средина и просторно планирање во висина од 4.459.742,58 денари со кофинасирање од Општина Прилеп се изврши зацевување на атмосферски канал DN 1000 на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп. Овој отворен канал беше еден од најпроблематичните делови во инфраструктурата. Просторот е денес расчистен и подготвен за натамошни градежни зафати за доуредување.

Се работи за децениски проблем на овој дел од градот – каналот кој што беше отворен во близина на улицата „Александар Македонски“ на потегот до Градската река. Станува збор за должина од 117,5 метри, извршено е зацевување, поставени се армирани бетонски цевки, со Ф 1000 и со ова всушност го решаваме проблемот на овој потег од градот. Останува сега општината да го доуреди земјиштето околу овој канал. Се надевам дека овде, како што разговаравме со градоначалникот ќе има и нова улица, па така овој дел од градот, целосно ќе биде уреден, рече Ане Лашкоска, заменик министер за животна средина и просторно планирање. 

Покрај овој проект, Општината од МЖСП ќе добие за реализација уште два проекти. Станува збор за реконструкција на цевководот од Лековските извори и изградба на фабриката за отпад.

-Проектот е изработен од Прилепски водовод. Вредноста изнесува 1 милион евра, за целосна реконструкција на цевките, од изворите кои што се користат. Според податоците тој цевковод изграден 1946 та година не е реконструиран и ова ќе биде првата реконструкција во 2025 та година.Информирана сум дека завршен е тендерот за изградба на долгоочекуваната фабриката за преработка на отпад. Станува збор за вредност од 90 милиони денари и ако временски услови дозволат се надевам дека наредниов период ќе има и таму поставување на камен темелник за изградба. Продолжува соработката и со Комуналец. Веќе се доставени од страна на Министерството 59 континиери и 1200 канти за ѓубре, така што продолжуваме со селекцијата на отпадот и се надевам дека и во иднина ќе останеме прва општина во Македонија за селекција на отпад. Министерството за животна средина и просторно планирање останува партнер со Општина Прилеп и другите општини и ги повикувам општините да аплицираат на повикот за инвестиционата годишна програма, рече Лашкоска, зам.министер за животна средина и просторно планирање.  

Градоначалникот Борче Јовчески најави дека просторот партерно ќе уредува, а планирана е отворање на нова улица која што ќе води до Типската населба.

–Се реши еден проблем со одведување на атмосферската вода во градската река, а од страна на ЈКП Водовод и канализација Прилеп беа изведени и нови канализациони и атмосферски приклучоци за локалното населени. Наредниот приод како што е планирано според Урбанистичкиот план на овој дел од градот ќе се спроведи улица која ќе биде поврзана со улицата Блаже Темелкоски. Со тоа ќе се подобри комуналната инфраструктура во овој дел од градот Прилеп, рече градоначалникот Борче Јовчески.

Реализацијата на проектот има големо влијание кон намалување на загадувањето и обезбедување на повисок степен на заштита и зачувување на животната средина.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Европа гори под топлотниот бран

Жесток топлотен бран го зафати јужна Европа, со неверојатни температури кои достигнаа максимум од 46,6°Ц во Шпанија и го ставија речиси целиот континентален ,дел на Франција во состојба на тревога. Париз (38Ц) е во највисока, црвена тревога, а врвот на Ајфеловата кула е затворен за туристи како превентивна мерка. Во...

Ново музичко задоволство од летните горештини- концерт на женскиот камерен хор „Керамија“

На 4 јули 2025 /петок/ од 19.30 часот на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. Гости на концертот се КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градскиот камерен хор „Астибо“ од Штип. Женски Камерен хор „ Керамија “’ ќе настапри со 1.Ave...

Oтворена изложба „Живи артефакти(ар)тистика“ од уметникот Филип Јовески

На 4 јули 2025 /петок/ од 20.00 часот во Ликвоната галерија ќе биде отворена изложбата „Живи артефакти(ар)тистика“ од уметникот Филип Јовески. После успешното претставување во Културно-информативниот центар на Министерството за култура и туризам во Белград, Србија, прилепскиот мултимедијален трансдисциплинарен визуелен уметник М-р Филип Јовески, својата 12 – та самостојната изложбата...