Заврши 50. Јубилејно издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ чиј традиционален организатор е кочанската Библиотека „Искра“ заедно со Литературниот клуб „Копнеж“. Уествуваа триесетина ученици до деветто одделение од училишта во градови од источниот дел на Македонија, членови на литературни клубови во библиотеки, домови и центри за културата. Најуспешните пред публиката ги прочитаа своите песни.
Поезијата на учениците годинава беше мотивирана од друг јубилеј – навршување 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.
Творбите на учесниците се напишани за македонскиот јазик и навистина се сретнавме со прекрасни песни од најмладите. Како институција тоа и ни беше целта, да се пишува за македонскиот јазик и за неговата кодификација, рече на затворањето на фестиалот, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директор на Библиотеката „Искра“ од Кочани.
Дел од овој детскиот поетски фестивал беше и Ликовната работилница за декоративно цртање на Училиштето за цртање и сликање, кое е дел од ЦК „Бели мугри“.
Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ е подржан од Мнистерството за култура и туризам како проект од национален интерс.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.