Заврши агонијата – од четврток прилепчани ќе можат да полагаат практичен возачки испит т.н „градско возење“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Завршува агонијата на прилепските кандидаите-возачи кои сакаат да се стекнат со возачка дозвола, а кои не можеа тоа да го направат, поради повеќе од шест месеци немање каде, односно непостоење на Испитен центар за возачи.

Од 4 јуни (среда)  ќе започне со работа новиот Испитен центар за возачи.

Тоа ќе го прави битолската, Авто Мото Испитен Центар Супер Возач ДООЕЛ Битола , правниот субјект кој во наредните пет години, по овластување на Министерството за внатрешни работи, ќе ги спроведува возачките испити за кандидатите за возачи од општините Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

Непосредно по официјалниот почеток со работа, АМИЦ Супер Возач Битола ќе започне со прием на пријави за полагање на возачки испити како и со закажување и објава на распоредот за полагањета.

Повеќе од половина година во Прилеп кандидатите за возачи може да го полагаат само теоретскиот испит (тестови)  и возење на полигон, но не практичниот дел од возачкиот испит ( т.н „градско возење“), па беа прнудени да одат во соседната општина, Кавадарци. Многумина од кандидатите, поради долгото чекање за полагање на практичниот возаки испит, беа принудени  повторно да го полагаат теоретскиот испит (тестови)  и возење на полигон, бидјеќи законскиот рок за нивната важност им истекла. Прилепчани, се жалаа на трошење пари и време за да се стекнат со валидна возачка дозвола, особено Б категорија.

Сега тоа ќе го прави Супер Возач кое, како што велат тие, е лиценциран Авто Мото Испитен Центар кој организира и спроведува возачки испити за сите категории и национални категории на моторни возила (АМ, А, А1, А2, Б, БЕ, Ц, ЦЕ, Ц1, Ц1Е, Д, ДЕ, Д1, Д1Е, Ф, Г, Т) на подрачјето на СВР Битола. „Со доделена лиценца од надлежното министерство, Супер Возач ги исполнува сите законски пропишани услови според Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити, како и барањата за просторни, кадровски и технички капацитети“ ,пишува на нивниот портал.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски оствари средба со амбасадорите на Германија и Франција

На германските гробишта во Прилеп денеска по повод „Денот на примирјето“ и „Денот на народната жалост“, им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Делегации од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, предводени од амбасадорите Н.Е. Петра Дрекслер и Н.Е. Кристоф Ле Риголер, делегација од Општина Прилеп,...

(ВИДЕО) Тутунски Комбинат подготвен за старт на откупот

На 18 ти ноември, вторник, Тутунски Комбинат на 34 пунктови и 37 ваги почнува со откуп на договорените количини од 2 милиони и 300 илјади кгр. ориентален тутун.  Средствата за исплата се обезбедени. Цените договорени во март се највисоки досега, а доколку има корекции за повисоки цени, Комбинатот ретроактивно ќе...

“Средби со граѓани“ функционира! Остварени средби и надеж за соработка – прв примен ден и отворени врати за граѓаните на Општина Прилеп

Првиот најавен и организиран приемен ден со граѓаните на Општина Приелеп, е отценет како успешен. 20 – тина прилепчани имаа можност да ги изнесат своите сугестии, предлози, идеи и да побараат помош од локалната власт. Целта на средбите со граѓаните  е да се идентификуваат реалните потреби и да се понудат...