Фасадата на храмот „Преображение на Господ Исус Христос“ е успешно завршена, а од црковниот одбор упатуваат благодарност до сите верници кои несебично помогнаа во реализацијата на овој значаен чекор.
Одбележуваат дека работата продолжува, бидејќи пред црквата претстојат уште активности за доисплата на средствата за изведените работи и за внатрешно уредување на светиот дом.
Секој прилог, без разлика на износот, е благослов и сведоштво за нашето заедништво,“ порачуваат од одборот и ги повикуваат сите добронамерници кои се во можност да придонесат со љубов и вера, со цел храмот целосно да заблеска и да биде достоен духовен прибежиште за верниците.
За сите што сакаат да помогнат, објавени се следните податоци за донации:
Денарска сметка: 300050000202812 – Комерцијална банка
ВОСКРЕСЕНИЕ 2017 Кочани
Девизна сметка: IBAN: MK07300701004287658 SWIFT: KOBSMK2XK0B Комерцијална банка
Од црковниот одбор апелираат за заедничка поддршка до целосно завршување на Божјиот дом.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









