Завршен проект и одобрено решение за изградба на Меморијалниот Паметник „Ангели“ – Пониква

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

ЗАВРШЕН ПРОЕКТОТ И ДОБИЕНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗГРАДБА

Меморијален паметник „Ангели“ – Пониква Со длабока тага, но и со силна желба споменот да живее вечно, ја информираме јавноста дека е комплетно завршен проектот и е добиено официјално решение од Општината за изградба на Меморијалниот паметник „Ангели“, кој ќе се гради на Пониква.

На 16 март, денот кога ја пронајдов мојата ќерка Ивона почината во болницата во Кочани, целиот свет ми се сруши. Болката е неподнослива, тишината дома е гласна, а празната соба сведочи за љубов што никогаш нема да згасне.

Во тие моменти, без сила и без желба за живот, седнав со празен лист и пенкало и се запрашав: Како да го зачуваме споменот на нашето дете и по нас? Така се роди идејата.

Го нацртав столбот – со скалила за сите починати деца, кои водат кон врвот, каде се наоѓа знакот на бесконечност, симболот на мојата ќерка Ивона.

Потоа ја замислив и внатрешноста – како место на мир, тишина, молитва и вечна љубов.

Веќе на 18 март, идејата за Меморијалниот паметник „Ангели“ беше објавена од повеќе интернет портали и телевизии.

По тие објави, несебична поддршка ми понуди Центарот за Консалтинг и Инженеринг „Концепт ЕУ“ од Кочани, кои целосно го изработија проектот.

Од срце им благодарам – нивната помош беше клучна за овој чекор.

ЛОКАЦИЈА И УНИКАТНОСТ

Меморијалниот паметник ќе се гради на Пониква, на 1600 метри надморска височина, на место познато како Аеродром, на површина од 1200 м².

Ова ќе биде: Прв меморијал на Балканот изграден на оваа надморска височина Единствен во Европа по својата местоположба, архитектонски изглед и внатрешно уредување Лоциран на место кое е посетувано преку целата година од домашни и странски туристи ОПИС НА МЕМОРИЈАЛОТ Меморијалот ќе биде обграден со низок бетонски ѕид и челична мрежа (висина 2 м)

Во центарот ќе се издигнува челичен столб висок 9 метри

На столбот ќе бидат поставени изгравирани скалила иницијали од секое дете, кои симболично водат нагоре

На крајот – ѕвезда со имињата на секое дете и возачот на Брзата помош Скалилата завршуваат со знакот на бесконечност на самиот врв

Во внатрешноста: За секое дете ќе биде засадено дрвце Туја Смарагд, од страна на родителите и најблиските Ќе има клупи за одмор и тишина

Пред секоја клупа – порцеланска фотографија на постамент со кратка биографија

Ќе се изгради мал православен параклис, место за палење свеќи Параклисот ќе биде озвучен, со 24-часовни православни молитви за мир и спокој

Просторот ќе биде уреден со бекатон плочи, зелени површини и осветлување

Ќе има и наменска помошна просторија ЗОШТО ПОНИКВА, А НЕ КОЧАНИ?

Одлуката меморијалот да биде на Пониква е донесена од една болна, но реална причина – во градската средина, за жал, секој споменик и реквизит често се уништува во ноќните часови.

Овој меморијал мора да биде зачуван, достоинствен и вечен.

ФИНАНСИРАЊЕ Изградбата на Меморијалниот паметник „Ангели“ ќе се реализира преку: Спонзорства Донации Хуманитарни настани

Ова не е само споменик. Ова е молитва во камен и светлина, место каде болката зборува тивко, а љубовта вечна.

ПОВИК ЗА ДОНАЦИИ Меморијален паметник „Ангели“ – Пониква Почитувани сограѓани, хумани луѓе и пријатели, Овој меморијал нема да биде само градба од камен и челик.

Ќе биде глас на родителската болка, симбол на бесконечна љубов и светлина за сите што ќе го посетат.

Секоја донација, без разлика на износот: е чекор поблиску до остварување на меморијалот е знак дека нашите деца не се заборавени е молитва преточена во дело Донирајќи, вие станувате дел од нешто што ќе остане Со благодарност, почит и болка што не престанува,

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Почина Горан Крстев – Грга, поранешен градоначалник на Општина Чешиново-Облешево

Почина поранешниот градоначалник на Општина Чешиново‑Облешево, Горанчо Крстев – Грга. Крстев беше на чело на општината во периодот од 2017 до 2021 година, оставајќи белег во локалната самоуправа и политичкиот живот во регионот. Во јавноста беше препознатлив по својата директност и ангажираност во општинските прашања. Според информациите, тој починал во Турција, каде што престојувал во

Ловното здружение ,, Осогово” повторно стана корисник на ловиштата Бање и Подлог

Ловното здружение „Осогово Кочани“ повторно стана корисник на ловиштата бр.5 „Бање“ и бр.6 „Подлог“ за следните 20 години. Членовите на здружението изразија благодарност до сите досегашни и идни членови и соработници кои придонесоа за остварување на целите и обврските на здружението. „Се надеваме дека соработката ќе продолжи и традицијата на ловење, која постои од 1924

Одлична премиера на карате турнирот „63 ангели“ – Кочани и Сансаи најуспешни клубови во борби и кати

Најуспепешен клуб на Меѓународниот карате турнир „63 ангели“ во Кочани е КК Кочани, воедно и најмасовен, додедка Алексeј Ристов и Илина Костадинова од истиот клуб се најдобрите натпреварувачи во борби во машка и женска конкуренција. Сансаи Метал Апостолов е најдобар клуб во кати и во машка и во женска конкуренција. Беа прикажани добри борби, особено