Започнува реализација на проект за подобрување на водоводната мрежа во Зрновци

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија, во Општина Зрновци започнува реализација на проект од стратешко значење — „Промена на секундарна водоводна мрежа“ во село Зрновци.

Станува збор за инвестиција во висина од 23,4 милиони денари, обезбедени преку националната програма за подобрување на водоводната инфраструктура. Општина Зрновци аплицираше за овој проект во 2023 година, а сега започнува практичната имплементација.

Средствата ќе бидат наменети за комплетна замена на дотраените и нефункционални краци од секундарната водоводна мрежа, кои досега често предизвикуваа дефекти, загуби на вода и незадоволство кај граѓаните.

Од Општината информираат дека проектот е технички сложен и долгорочен, но со значајни придобивки – безбедна и сигурна дистрибуција на чиста вода, намалување на дефектите и воспоставување одржлив систем за водоснабдување.

Локалната самоуправа го оценува проектот како уште еден доказ дека со одговорен пристап, визија и упорност, капитални инвестиции можат да се реализираат и во помалите општини.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците