Започнаа сослушувањата на семејствата на жртвите од пожарот во „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска започнаа сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс”, информираа од Јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата “Support Kocani”.

Како што соопштуваат од Обвинителството, преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.

Ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.

Сослушувањата ќе бидат поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.

Оттаму потсетуваат дека се уште е активен повикот на обвинителството до сите останати кои биле сведоци на несреќата да споделат информации со истрагата.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Скопјанец нашмркан возел во Кочани – полицајците кај него пронашле кокаин

Скопјанец доби кривична пријава затоа што минатиот викенд во Кочани возел под дејство на дрога, а кај него бил пронајден кокаин. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари…

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани

„Туран“ излета од патот кај Уларци, тешко повредено малолетно девојче

На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди