Започнаа 33. „Денови на кочанскиот ориз“ – Марија Стаменкова избрана за жетварска убавица…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Марија Стаменкова е овогодишната жетварска убавица – таа ги освои гласовите на жирито на изборот што синоќа, пред многубројната публика, се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани.

Прва придружничка на жетварската убавица е Мартина Костадинова, а втора – Ивона Ефтимова. Девојките ќе учествуваат во претставувањето на обичајот зажнејување на ориз, на 29 септември, на нива во Оризари.

Отворањето на 33. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ продолжи со настапот на Ненад Вржалски, а публиката уживаше на концертот на македонската поп-дива Каролина Гочева и во настапот на диџеј Ацко.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В сабота прв годишен концерт на АТМИ „Митко Алексов“

В сабота, 19 октомври, со почеток во 18 часот во големата сала на Мултикултурниот центар, Ансамблот за традиционална музика и игра „Митко Алексов“ ќе го одржи првиот годишен концерт. Настанот ќе се реализира под мотото „Ритамот на традицијата“, при што ќе настапат ансамлби од Македонија и странство со над 250 играорци. Претходно, со почеток од

Здружението на слепи и слабовидни лица – Кочани го одбележа Светскиот ден на белиот стап

По повод 15 октомври, Светскиот ден на белиот стап, Здружението на спепи и слабовидни лица – Кочани, традиционално го одбележа настанот. По тој повод, членовите организираа средба на која се дискутираше за важноста, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното живеење. Славењето на 15 октомври како меѓународен ден на белиот стап службено запачнало