Започнаа 33. „Денови на кочанскиот ориз“ – Марија Стаменкова избрана за жетварска убавица…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Марија Стаменкова е овогодишната жетварска убавица – таа ги освои гласовите на жирито на изборот што синоќа, пред многубројната публика, се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани.

Прва придружничка на жетварската убавица е Мартина Костадинова, а втора – Ивона Ефтимова. Девојките ќе учествуваат во претставувањето на обичајот зажнејување на ориз, на 29 септември, на нива во Оризари.

Отворањето на 33. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ продолжи со настапот на Ненад Вржалски, а публиката уживаше на концертот на македонската поп-дива Каролина Гочева и во настапот на диџеј Ацко.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Полицијата приведе четири лица на експресниот пат Кочани–Штип

На 02.04.2026 во 00:20 часот на експресниот пат Кочани – Штип, во близина на с.Спанчево, општина Чешиново – Облешево, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.К.(39), З.Н.(31), С.Р.(29) и 21-годишната Н.А., сите од Кочани. При преглед во возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Р.К., и при преглед кај

Утревечер АФКО во МКЦ во Кочани по 14 – ти пат

Здружението на граѓани, вљубеници во хуморот и сатирата „Афористичката репрезентација на Македонија“ на 3 април, петок, во 18 часот во Мултикултурниот центар во Кочани ќе го одржи 14. издание на  манифестацијата „Вечер на македонскиот афоризам“,  во пошироката културна јавност позната како АФКО. Оваа година афористичарите на конкурсот твореа на темата „Чесен крадец“. До тричлената комисија,

Лебот во Кочани поскапе – цената достигна до 40 денари

  Од денеска граѓаните на Кочани плаќаат повисока цена за лебот, кој е поскапен за околу 5 денари и во дел од продажните места достигнува до 40 денари. Новите цени веќе се применуваат во повеќе пекари и маркети низ градот. Според пекарите, поскапувањето е резултат на зголемените трошоци за производство, вклучително и цените на суровините,