Започна природниот третман на Градска депонија во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Попладнево, економскиот оператор избран на тендер, „ЕМ Агрицом“ од Неготино, го започна третманот со алги и микроогранизами на Градската депонија во Кочани.

Природниот третман на ѓубриштето се спроведува петти ден од почетокот на механичките работи на општествено одговорната компанија „Бехтел и Енка“, кои Градската депонија во Кочани ја израмнија, ги исчистија постојните пристапни патишта и пробија нови за дотур на следните количини од комуналниот отпад. Изгледот на депонијата е променет и таа е целосно подготвена за примена на природниот третман со алги и микроорганизми.

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов информира дека Општина Кочани постапи според барањата на граѓанските здруженија коишто го блокираат патот кон Градската депонија, истакнувајќи дека се создадени сите услови за исполнување и на заклучоците од последната седница на Советот на Општина Кочани.

Со писмен допис до Општина Кочани, Здружението „Грин.орг“ ја извести Општина Кочани дека нивните активисти ја напуштаат блокадата и дека ќе побараат измени во одлуките на Владата за депонирање на отпадот од другите општини на Градската депонија во Кочани.

Општина Кочани упати писмено известување  со заклучоците од вчерашната средба на градоначалниците на општините Кочани, Виница и Зрновци до Министерството за животна средина и други надлежни институции, со цел итно да се одговори на потребите за нормално функционирање на депонија од Кочани.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

По повод 18 март – Глобалниотден на рециклирањето, Рудник САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Пакомак“ и Општина Македонска Каменица, ја започна општествено-одговорната еко кампања „Твојата грижа за планетата вреди х2“. Иницијативата е насочена кон поттикнување на рециклирањето и унапредување на еколошката свест кај вработените и локалната заедница. Кампањата ќе трае сѐ

Свечено отворен бутик „Луна“ во Кочани – нова пролетно-летна мода по пристапни цени !!!

Денеска во Кочани свечено ги отвори вратите бутик „Луна“ – ново модно катче каде стилот, квалитетот и удобноста се спојуваат во едно. Во „Луна“ ве очекува богата понуда на машки блузи, модерни кошули и палтиња, како и разновидна и елегантна женска гардероба. Посебен акцент е ставен на новата пролетна и летна колекција – лесна, модерна

Претседателката Сиљановска – Давкова на Меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, цели час и половина остана во салонот на ЦК„ Бели мугри“ во Кочани,  каде беа изложени предмети и фотографии од сите 63 починати во дискотеката „Пулс“. Се потпиша и за секој поединчено напиша порака во малите тефтерчиња пред фотографиите и предметите на починатите, поставени таму како „мали