Денеска училиштата ширум ги отворија своите врати – започна новата учебната година, за околу 9000 ученици во прилепската општина.
Сепак, на првиот училиштен ден највозбудени беа оние кои прв пат седнуваат во училишните клупи, првачињата. Преставници од локалната власти, заедно со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески ги посети сите основни училишта, им посака на учениците среќен почеток и успешна учебна година, а на првачињата им додели почетен прибор. На првиот училишен ден тој посочи дека во Општина Прилеп значително се подобрени условите во училиштата што овозможува поквалитетно образование за сите ученици.
„Направени се реконструкции и опремувања во сите основни и средни училишта, обезбедивме бесплатен здрав оброк за учениците од I до III одделение – мерка што продолжува и оваа година, за прв пат за 6.000 ученици во основното образование обезбедивме бесплатни училишни униформи, изградивме нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“, инвестиција од околу 23 милиони денари која ќе овозможи поквалитетен физички развој на учениците и воведовме бесплатниот училиштен превоз за учениците од населените места како редовна линија на јавниот градски превоз. Воедно, инсталиравме и осум прочистувачи на воздух, обезбедени од Владата на Република Македонија – шест во спортските сали на основните училишта и два во градинките, за поквалитетен воздух на учениците“ изјави Јовчески на првиот училишен ден.
Во Прилеп запишани се 650 првачиња, 30 повеќе од минатата година.