Започна изборната кампања – Прв стартуваше Влатко Грозданов, надпартиски кандидат за градоначалник на Кочани предложен од ВМРО – ДПМНЕ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Претстојните Локални избори, надпартискиот кандидат за градоначалник на Општина Кочани, Влатко Грозданов предложен од ВМРО – ДПМНЕ,  ги смета за можеби најважните во историјата на градот. Тој е убеден дека овие избори ќе бидат едни од најфер, најкоректните и најмирните до сега. Грозданов најави кампања која ќе биде заснована на комуникација со луѓето.

– Исклучиво на терен од човек на човек, ќе ги бараме идеите на граѓаните и ќе ги вклучуваме во нашата програма. Ќе ги нотираме проблемите и ќе бараме заедничко решение со нив, рече Грозданов на својата прва прес конференција денеска, отфрлајќи кампања заснована на „малтретирање на луѓето по социјалните мрежи, долги говори и ветувања“.
 Според надпартискиот кандидат Влатко Грозданов „градоначалничкото столче“ за некого претставив моќ, гордост, доблест. За него да се биде градоначалник единствено претставува одговорност, доверба која ја дава народот и се базира на чист образ.
Најважно од сето тоа, нагласи тој, е по звршувањето на мандатот кој е минлив, да се излезе со исто така чист и неизвалкан образ како на почетокот..
– Гарантираме мирна, фер и коректна кампања. Исклучиво ќе го почитуваме мислењето на народот. Нека биде вољата на народот, нека победи најдобриот кандидат, порача надпартискиот кандидат за градоначалник на Општина Кочани предложен од ВМРО – ДПМНЕ, Влатко Грозданов.
Александар Андов, носител на листата со кандидати за членови на Општинскиот соет, кој исто така зборуваше на прес конференцијата што се одржа денеска пред зградата на Општината,  порача дека трагедијата во Кочани и болката низ која минуваат родителите на починатите и повредените деца, не смее да се користи за политички цели.
– Ние, како општество, треба да бидеме обединети и да им дадеме поддршка за полесно да ги надминат овие тешки моменти. Натпреварот во оваа кампања треба да биде во идеи и проекти што ќе донесат подобро утре за секој граѓанин на Општина Кочани, истакна Андов.
Како човек кој потекнува од спортско семејство и цел живот е активен во спортот, Андов, им ветува на сограѓаните: спортот за секое дете во Општината, за спортските клубови и спортските работници – директна поддршка преку донесување одлука за ослободување од плаќање за изнајмување на спортските сали за тренинзи и натпревари, како и бесплатно држување и сервисирање на спортскит сали.
–  Што значи ова? Секој клуб ќе добие бесплатен термин, со што ќе се намалат членарините во сите спортски клубови. Децата од семејства со самохрани родители и корисници на социјална помош ќе бидат целосно ослободени од плаќање членарини. Така, спортот нема да биде привилегија само за оние кои имаат, туку право и можност за сите. Секое дете ќе може да спортува и да расте во здрава личност во салите  што ќе бидат нивен втор дом, подвлече ноителоѕт на листата со кандидати за советници на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Андов, за кого вистински избор на претстојните Локални избори во Кочани е заокружување на бројот 9 и кај советничката листа и кај кандидатот за градоначалник. .
www.radiokoca

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицковски – Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и