На 13 септември се одржа јавна младинска акција за чистење во рамки на проектот „GreenKO / ГринКО“, кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија. Проектот е реализиран од здруженијата „Алијанса за одржлива иднина“ и Здружението на Роми „АВЕНА“ – Кочани, со цел да се поттикне еколошка свест, младински активизам и одговорно однесување кон животната средина.
Акцијата се спроведе во соработка со Општина Кочани и Јавното комунално претпријатие „Водовод“, кои дадоа значајна поддршка за реализацијата на овој настан.
Во текот на акцијата, младите волонтери покажаа голема посветеност и енергија. Со нивната работа успеаа да исчистат значителен дел од отпадот кој несовесно е оставен на јавни површини. Нивниот ентузијазам и подготвеност да вложат труд се јасен пример за тоа дека преку заедничка акција можеме да направиме вистински промени.
Организаторите изразуваат огромна благодарност до сите учесници, до општината и комуналното претпријатие за поддршката, како и до граѓаните кои дадоа позитивен пример за заедничко делување.
Оваа акција уште еднаш ја истакна потребата за зголемување на свеста кај граѓаните за последиците од несовесното фрлање на отпад. Само преку одговорно однесување и редовна грижа за нашата околина можеме да изградиме поубава, почиста и поздравa заедница за сегашните и идните генерации.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.