За третиот роденден на ДПД Кочани – Меѓународен натпревар, презентација на професијата пожарникар и добра забава…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Саботата доброволното противпожарно друштво од Кочани го прослави третиот роденден.

Настанот започна со смотри и говори на градоначалникот Љупчо Папазов и Златко Илијев, потоа во склоп на својот трети роденден доброволците пожарникари од Кочани го организираа вториот Меѓународен противпожарен натпревар, Kochani Fire Challenge 2024 на кој  учествуваа екипи од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Бугарија.

Инаку во рамките на натпреварот беа организирани и детски противпожарни игри за петтоодделенците од основните училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Екипата на Доброволното противпожарно друштво Петроварадин, Нови Сад од Р. Србија со најдобро време од девет минути и две секунди, беа најдобрите на Меѓународниот противпожарен натпревар потоа второпласирана беше екипата на ДПД Рогошка Слатина, од Р. Словенија со освоено време од девет минути и дванаесет секунди, а треттото место и припадна на противпожарната екипа од Рафинерија ОКТА, Р. Македонија со десет минути и 47 секунди.

Во женска конкуренција првото место и припадна на женската екипа на ДПД – Сингелиќ од Ниш.

Настанот имаше за цел јавноста и граѓаните одблиску да се запознаат со работата на пожарникарите, нивна промоција и презентација на пожарникарската професија и воедно одбележување на тригодишнината од формирањето на ДПД – Кочани, а по прогласувањето на победниците во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани следуваше добра забава со убава музика, добра скара и пијалоци за присутните.

Д.Михајлов

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЦК „Бели мугри“: На 7 – ми и 14 – ти проекции на два филма…

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани најавува две филмски проекции во првата половина на месец мај: – во 20 часот на 7 мај ( четврток )  проекција на филмот: „ВРАЌАЊЕ НА ЖИКИНА ДИНАСТИЈА“ и – во 20 часот на 14 мај ( четврток ) проекција на филмот: „ ДИЏЕЈ АХМЕТ“ Билети може да се набават

Кочанчанец заврши во штипската болница по самоповредување со пушка

Вчера во 08:55 часот во ОВР Кочани од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен А.Г.(43) од Кочани, кој, според пријавеното, самиот се повредил со  пушка. Тој бил препратен во Клиничкиот центар Штип, а извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Приказна за хуманоста: Како Тоше Проески помогна да се спаси живот од Кочани

На мои осум години, во 2000 година, се соочував со тешка дијагноза, тумор на мозокот, имав една неуспешна операција, а состојбата постојано ми се влошуваше. Како единствен спас моите родители гледаа на операција на клиника во Германија, но беа потребни 50 илјади германски марки. Во тоа време немаше социјални мрежи, па се одржуваа акции по