ЗА САМО 7 МЕСЕЦИ – 664.000 ДЕНАРИ ПОТРОШЕНИ ПО КАФАНИ ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ВИНИЦА

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Додека граѓаните секојдневно се соочуваат со дупки на улиците, запуштени објекти и ниту еден капитален проект на повидок – локалната власт очигледно ужива во кафеани.
 Според податоците од Open Finance, од почетокот на годината досега се потрошени над 664.000 денари во локални угостителски објекти.
Само во последниот месец, сметките изнесуваат над 205.000 денари, а има и поединечни сметки над 70.000 денари!
 Па прашањето е: За кого се тие трошоци? И што точно се слави, кога општината е замрзната и без резултати?
Додека граѓаните бараат решенија – тие трошат како да е приватна фирма. Без ниту еден сериозен капитален проект, општината тапка во место, а буџетот се троши на кафеани.
 Ова не е домаќинско работење – ова е расипничко однесување на луѓе кои очигледно заборавиле зошто се таму. Општината е блокирана, стои во место, а тие трошат како да сме Швајцарија, а не град во кој ништо не мрда со години.
Соопштение од Левица – Виница

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците