За Кочани се поднесени пријави за 70 лица без селективност и двоумење, порача Тошковски на Денот на полицијата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

За трагедијата во Кочани Министерството за внатрешни работи спроведе сеопфатна истрага и поднесе кривични пријави против 70 сторители меѓу кои има и сегашни и поранешни министри, градоначалници, раководители, инспектори, полициски службеници и други носители на одговорност без заштита, без селективност, без двоумење, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај.

Како успех во досегашното водство на Министерството за внатрешни работи Тошковски го истакна намалувањето на криминалитетот, разбивањето на 14 организирани криминални групи поврзани со дрога, силна борба со корупцијата, случајот „Адитиви“ во којшто се осомничени 23 лица, којшто го нарече симбол дека нема недопирливи, потоа откривањето на злоупотребите со инвалидските пензии.

Безбедноста не е привилегија, туку темел на секое здраво општество. Затоа наша обврска е да не отстапуваме – порача Тошковски.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Голем интерес за приклучување кон Доброволното противпожарно друштво – Кочани, во ТППЕ со работа почнаа двајца нови пожарникари

Со значителен одзив од страна на граѓаните заврши повикот за прием на нови членови во Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани. На јавниот оглас, кој траеше до 30 јуни, се пријавија вкупно 23 кандидати, меѓу кои и пет жени, што ја потврдува се поголемата вклученост на жените во општествено одговорни и хумани активности. Посебно охрабрува податокот

Средба на в.д градоначалникот Венко Крстевски и младиот талентиран ученик Владимир Грчев

В.д. градоначалникот Венко Крстевски оствари средба со Владимир Грчев, талентираниот млад кочанчанец којшто има многубројни награди од редот на натпреварите по информатика и математика и како дел од Националниот тим по математика на ЈБМО овојпат го освои сребрениот медал. Владимир годинава по четврти пат е дел од тимовите по информатика за меѓународните олимпијади. Во изминатиот

Брзо белење ( варосување). Нема четки, нема ваљаци.

Брзо белење ( варосување). Нема четки, нема ваљаци. Нанесување на подлога и поликолор  со специјален компресор. Брзо, квалитетно, чисто. Ваше е само да се договoрите, останатото препуштете им го на професионалци. Вашиот стамбен, или деловен простор однадвор или одвнатре  ќе биде варосан, освежен и исчистен без да мрднете со прст. Јавете се на 072/277 –