За Бехтел и Енка предизвик е крајниот рок за изведба на автопатот Прилеп-Битола

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Повеќе археолошки наоѓалишта, голем број на неексплодирани мини (најмногу од Првата светска војна) на теренот каде што се гради делницата од коридорот 10 д , се само дел од предизвиците да се заврши во предвидениот рок – крајот на 2027 година изградбата на автопатот. Целата изведба на автопатското решение се одвива во согласност со постоечката македонска регулатива, посочуваат од изведувачот Бехтел и Енка. Во работниот камп кај ТИРЗ Прилеп досега се привремено сместени околу  350 луѓе, кои се главно од регионот на Пелагонија, но има и странци.

– Имаме предизвици во однос на рокот за изведба. Онаму каде што имаме пристап до земјиштетото, таму и се работи. Нормално работиме со нашиот работодавач ЈП за државни патишта кој што ни го обезбедува земјиштито и ни дозволува да работиме понатаму. Малку е тешко да се каже во моментов, има и археолошки наоѓалишта на кои што се работи во моментов  и од тука, онаму каде што имаме пристап кон земјиштетото, таму и работиме. Ние се трудиме да се обезбеди патот и да се даде патот на граѓаните што е можно поскоро, рече проектниот менаџер Бејкер.

Изведувачот константно има потреба од работници, а особено во фазата кога ќе се зголеми динамиката на изградба на автопатската делница Прилеп – Битола.

– Во моментот на целиот проект имаме преку 2 000 луѓе кои работат со нас. Тука на Прилеп – Битола има околу 350 луѓе кои што се од локалните заедници и тој број ќе расте понатаму. Значи секогаш сме отворени  и очекуваме во пикот кога ќе биде големата градба на патот, очекуваме на делницата Прилеп Битола да бидат вработени околу 1000 луѓе, вели Бејкер.

На новинарско прашање колку се точни информациите дека рударски ископувања на ураниум и други опасни материи, тој рече дека такво нешто не постои од проста причини што мора да се почитуваат сите стандарди за безбедност на работниците и граѓаните.

-„Во нашата работа не се ослободуваме до толку да остави нешто ризик кај граѓаните или нашите вработени. Не постои ништо што е опасно за граѓаните или за нашите вработени. И од тука сакам да кажам дека се прават сите тестирања кои што се потребни и се’ е во согласност со стандардите по кои што работиме. Значи не постои рудник и од тука сакам да кажам дека ние носиме камен северно од Прилеп, не постои такво нешто. Работиме според регулативата зададена во државата и со сите државни институции кои го регулираат истото,“ рече Џошуа Бејкер, проектен менаџер на Бехтел и Енка.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дрворедите се обновуваат, но несовесните граѓани ги кршат за паркинг

Тековно врши замена на дрворедите,засадувајќи нови садници. Минатиот период биле засадени околу 150 зимзелени дрвца на повеќе локации во градот, итакна директорот на ЈКП Комуналец. “Засадивме на Могилата на непобедените, исто така и во кругот на капелата на старите градски гробишта.  Бидејќи прашањето беше дали ги заменуваме, да, тековно ги...

(ВИДЕО)Витаминка прва во прехранбениот сектор во Македонија воведува напреден ЕСГ систем на одржливост

Ретки се компаниите во Македонија кои воведуваат систем што вклучува взаемно поврзано работење за одржливост со сите засегнати страни за заштита на животната средина, грижа за вработените  и локалната заедница во која што работи. Витаминка е прва во Македонија за воведување на таканаречениот ЕСГ систем (enviromental, social, governance) согласно барањата...

Еко акција за почист Прилеп на која поканети се сите граѓани

Општина Прилеп во соработка со ЈКП „Комуналец“ на 15-ти ноември, в сабота, ќе ја организира еко акцијата „Еко мисија, твојот потпис за природата“, чија цел е подигање на јавнат за почитст Прилеп. Акцијата ќе опфати чистење на излетничките меса во околината на Прилеп, локации на јавни површини во градот и...