За Ачески, великиот прилепски уметник и хроничар Камерна галерија „АЧЕ“ и монографија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Националната установа за заштита на спомениците на културата НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма го одбележаа животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче. Вечерта беше посветена на зачувувањето на колективната меморија со неколку настани: промоција на монографијата „Еден музеј на една архитектура“ – дело кое низ цртежи, записи и сеќавања ја документира „сиромашно убавата“ македонска архитектура,  отворање на Камерна галерија „Аче  и дигитална презентација – Аче последниот боем со цртежи во сопственост на МАНУ, Националната галерија и приватни колекции. Прилеп доби нов културен простор посветен на еден од најголемите прилепски и македонски уметници.

„Прилеп доби многу. Познавајќи го Ѓорѓи Ачески Аче, еден од најголемите уметници кој што работи графика. Прилеп доби камерна галерија, Прилеп доби уметност, Прилеп доби историја, доби географија, доби сегашност и минато.

Камерната галерија, која е стационирана во Националната установа, Завод и Музеј, Прилеп во Бабанеделиниото училиште, заедно во соработка со Министерството за култура и туризам – нивната поддршка ни значеше многу. Идејата беше од Националната установа, Завод и Музеј, Прилеп, но без нивната несебична поддршка, немаше да можеме да го оствариме овој проект. Проектот е од годишната програма од 2025-та, која што е продолжи во 2026-та, за да можеме да го реализираме во комплетно светло,“ рече Мимоза Христоска, директорка на НУ Завод и Музеј Прилеп.

Монографијата со наслов: „Од еден музеј на една архитектура“, е дело на Паре Зареска, виш кустос и Елизабета Дерменкоска Цефи, кустос. Публикацијата во себе ја содржи заветната желба на авторот Ѓорѓи Ачески Аче: „Јас неуморно да цртам и да документирам таа сиромашно, чудесно убава архитектура која неизбежно изумира“.

„Истражувањата за создавањето на оваа публикација ги започнавме во нашата специјализирана библиотека при Завод и Музеј Прилеп. Продолживме во архивот Харалампие Поленаковиќ при МАНУ, каде наидовме на еден отворен пристап од раководителот на архивот. Должиме благодарност до Љубомир Ѓоревски, кој несебично не’ воведе во тајните на архивистиката.

Прикажавме и една презентација на која што ги прикажуваме цртежите кои ги нема во нашата камерна галерија. Тоа се цртежите кои се наоѓаат во МАНУ и во Националната галерија во Скопје. За тоа, срдечна благодарност им упатуваме на колешката Маја Чанкуловска и фотографот Иван Василев,“ рече Паре Зареска, ко-авторка на монографијата.

„Самоукиот сликар, уметник Ѓорѓи Ачески Аче својот живот несебично го посветил на уметноста и нејзиниот развој. Големиот уметник Аче се заветил пред себе си: „Додека чука моето срце и до последната капка крв во моите жили, колку што можам да го збогатам своето творештво, а тоа подоцна да стане благо за Прилеп, за еден град чија генеза е репродуцирана на моите слики,“ посочи ко-авторката Елизабета Дерменкоска Цефи.

Новиот културен простор Камерната галерија „Аче“ сместена во Бабанеделиното училиште е уште една можност за вљубениците во уметноста да се запознаат и потсетат на големото дело од Аче, дело кое говори за историјата, за културата и ќе остане во аманет на идните генерации.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Со Хриството воскресение ја исповедаме целата суштина и смислата на верата“ се вели во Велигденското послание на г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерески синод упатија Пасхално послание по повод Велигденските празнувања. Во него Поглаварот на Македонската православан црква г.г. Стефан вели: Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме...

(ВИДЕО) Велигденски панаѓур на ООУ Кочо Рацин – Прилеп

По повод престојниот празник Велигден прилепското основно училиште Кочо Рацин  го организираше велиогденскиот панаѓу , трета година по ред.По традиција , велигденските изработки од вредните раце на учениците , го привлекоа вниманието на прилепчани кои ги купуваа различните изложени креации.Собраните средства од продажниот панаѓур ќе се искористат „од деца за...

(ВИДЕО)Апарат за оптичка кохерентна томографија доби очното одделение во прилепската болница

Прилепската Болница со сопствени средства набави современ апарат за очна дијагностика , односно за оптичка кохерентна томографија. Апаратот ќе овозможи пациентите наместо во клиниките или други градови во Македонија да ги прават испитувањата во Прилеп. -Апаратот е софистициран и еден од најдобрите. Така да правиме се’ пациентите да добијат подобри...