За 6 месеци 134 дилери на дрога уапси полицијата од СВР Битола

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Полициски службеници од СВР Битола за период од месец јули 2024г до месец јануари 2025 г лишија од слобода 134 дилери на дрога и запленија поголемо количество на опојни дроги и психотропни супстанции на подрачје на СВР Битола

Во делот на недозволена трговија со дрога, полициските службеници од СВР Битола , во период од месец јули 2024 до месец јануари 2025 година откриле 65 кривични дела по член 215 и член 216 од кривичен Закон, при што биле поднесени 51 кривични пријави против 109 сторители. Во 2024 година најголем дел од кривичните дела од недозволена трговија со дрога се откриени на подрачјето на Битола, потоа дел на подрачјето на ОВР Прилеп и останатите дела на подрачје на ОВР Ресен , ОВР Македонски Брод и ОВР Демир Хисар, додека во ОВР Крушево нема регистирани ваков вид на кривични дела.
Запленети биле 52 кгр марихуана, 34,98 гр кокаин, 1,65 грама хероин и помали количини на амфетамин, метамфетамин, метадон, бупренорфин, МДМА, семки од канабис, машавини од тутун и канабис.
На подрачјето на СВР Битола, во период од месец јули 2024 до месец јануари 2025 година извршени биле вкупно 27 претреси на домови по чл.215 и чл.216 од КЗ во делот на недозволената трговија со дрога и психотропни супсанци, од кои повеќето се на подрачјето на Битола при што биле лишени 134 дилери на дрога.
Во делот со недозволена трговија со оружје, полициските службеници на подрачјето на СВР Битола за извештајниот период имаат поднесено 15 кривични пријави против 16 сторители по чл.396 од кривичен Закон, при што запленети биле: 91 парчиња оружје, 3176 парчиња муниција и 9396 парчиња пиротехнички средства како и 238 делови за оружје.
Полициски службеници од СВР Битола во делот на потраги на исчезнати лица и деца во наведениот период превзедоа низа мерки и активности при што лишиле од слобода 36 лица на подрачје на Битола и 35 лица на подрачје на Прилеп кои се барале со судска наредба и со распишани потерници за издржување на казна затвор за извршени кривични дела на подрачјето на СВР Битола и останатите СВР-а.
СВР Битола и во наредниот период продолжува со преземање на интензивни мерки и активности во откривање и реализирање на кривични дела во борбата со недозволената трговија со дрога и оружје како и секаков вид на криминал на подрачје на СВР Битола.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да...

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...