Возел со 2.23 промили алкохол во крвта на Бул. Гоце Делчев – Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Повторно фатен возач кој управуваувал моторно возило под дејство на алкохол на Булевар “Гоцел Делчев“
Денеска по полноќ, (10.12.2025) во 00:02 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.Д.(66) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки и по преземени мерки е констатирано дека го управува под дејство на алкохол. Кај возачот се  измерени 2.23 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
Штетното влијание на алкохолот на способноста за управување на моторно возило е научно потврдено и докажано во пракса,  а  управувањето на моторно возило под дејство на алкохол се санкционира во сите држави.Во различните држави има различен  праг на толеранција, односно максимално дозволените количини на алкохол во крвта се различни. Во Македонија прагот на толеранција е 0,5  промили алкохол во крвта, при управување на моторно возило.
Дозволено количество алкохол во крвта за возачи, во повеќе земји е 0,5 промили, а во некои земји и пониско.Само во Англија и Малта е 0,8  промили алкохол во крвта, при управување на моторно возило.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...