ВОДИЦИ ВО КОЧАНИ: ЧЕСНИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА 38-ГОДИШНИОТ ГОРАН ЗАШОВ…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

38-годишниот Горан Зашов од Кочани, успеа меѓу 40-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на Кочанска Река, по повод празникот Богојавление-Водици.

Тој има скокано повеќе пати, а во 2022 година за прв пат го има фатено крстот.

Најсреќниот Зашов ќе ги посети сите семејства во градот, кои ќе го даруваат крстот со пари за здравје и среќа.

Тој пред присутните кај мостот во Паркот на Револуцијата  ја даде и христијанската изјава, и поска Бог да му дари многу здравје и среќа на него и неговите блиски.

Пред одржување на чинот на потопување на честниот крст во храмот „Св. Вмч Ѓорги“  се одржа Света Божествена литургија, по што со свечена литија верниците и свештениците се упатија кон мостот во паркот, каде се потопуваше крстот.

Успешно помина и лицитацијата на иконите и  крстот, а оние кои што  ги купија иконите ќе ги чуваат во своите домови  40 дена за здравје, по што ќе бидат вратени во црквата.

Инаку,  верскиот  празник  Водици во Кочани е еден  од најмасовните црковно – верски манифестации.

Тоа беше потврдено и годинава кога покрај кејот на Кочанска Река присуствуваа  голем број верници.

 
https://www.facebook.com/radiokochani/videos/948572153574115

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во подготовка книгата “Пепелта памти” од авторот Вероника Саздовска

Почитувани родители,   Во знак на почит и сеќавање на трагедијата, подготвувам книга со наслов „ПЕПЕЛТА ПАМТИ“, во која сакам да им оддадам достоен спомен на сите жртви. Доколку сакате името и презимето на вашето дете да биде запишано во книгата како дел од овој споменик во зборови, ве молам обратете ми се со ваша

Повредените со кошаркарски натпревар во чест на загинатите

В недела, 15 март 2026 година, со почеток во 10:30 ч. ќе се одржи велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата. Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно