Водата не е исправна во локален водоснабдителен систем с.Алинци

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Водата од мерно место, локален водоснабдителен систем Алинци (двор) не е здравствено исправна, заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата, известуват од оштина Прилеп.

Исто така, водата од мерно место л.в.с. Старо Лагово – куќа до објект – на основа на извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба, но мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи во границите од 0,2-0,5 мг./л. вода, информираат од општина Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Индустриската зона Металец се доуредува со асфалтирање на улици и осветлување

Индустриската зона Металец, позната како Прилеп 1 инфраструктурно се доуредува со асфалтирање на уличната мрежа. За таа цел од Буџетот на Општина Прилеп се оддвојуваат средства со кои ќе биде завршен процесот на урбанизација на Индустриската зона. „После подолги години, од основниот буџет на општина Прилеп се одвојуваат 37,4 милиони...

Овековечување на делото на Ѓорѓи Ачески-Аче, промоција на монографија и Камерна галерија „Аче“

НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма ќе го одбележат животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче, в среда на 8 ми април, во  „Бабанеделино“ училиште – Камерна галерија „Аче“, Прилеп. Вечерта ќе биде посветена на зачувувањето на колективната меморија неколку...

Концерт на Женскиот камерен хор „Керамија“ во фоајето на Цепенков

По повод најголемиот христијански празник Велигден, хорот „Керамија“ вечерва / 6.04 – понеделник/  во фоајето од 19 часот ќе одржи концерт, на кој ќе бидат изведени тропари во византиски напев, литургиски песни од источната и западната христијанска традиција, како и духовна и световна хорска музика. На програмата се дела од...