Во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Прилеп е во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад, која ќе има капацитет за преработка до 10 тони отпад на час. Проект кој претставува еден од најзначајните инфраструктурни за модернизирање на системот за управување со отпадот во општината. Станува збор за прва фабрика од ваков тип во Македонија, со современа технолошка линија за селекција.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека технолошката линија од реномираниот производител Technix е во завршна фаза на монтирање.  Тој заедно со директорот на ЈКП „Комуналец“, претставници од општинската администрација и главниот инженер од фирмата изведувач, денеска разговараа за текот на работите и следните фази од реализацијата на проектот.

Фабриката располага со 1300 кубни метри затворен простор каде што е поставена линијата за селекција на отпад, како и 5980 квадратни метри надворешен простор наменет за прием на отпад, манипулација со транспортни возила и складирање на селектираните материјали.

Со ставањето во функција на овој капацитет ќе се овозможи поефикасно раздвојување на отпадот, како пластика, хартија, најлон, метал и други рециклирачки материјали, што ќе значи помалку отпад на депониите и повеќе можности за рециклирање.

Според Проданоски, проектот има значење не само за Прилеп, туку и за целиот регион, бидејќи ваквите капацитети се клучни за воспоставување на модерен регионален систем за управување со отпад, каде што отпадот од повеќе општини ќе се третира на организиран и еколошки прифатлив начин.

Тој истакна дека целта на општината е создавање почиста животна средина, поодржливо користење на ресурсите и воведување современи решенија кои ќе обезбедат подобри услови за живот за граѓаните.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нова цената за услугите во градинките и старскиот дом – донесен правилник за штета предизвикана од каснување на куче бездомник

Советот на општина Прилеп денеска ја одржи 11 седница, на која пред советниците се најде обемен дневен ред со неколку важни финансиски документи, извештаи за работа, донации и проширување на буџетот. Меѓу одлуките беше и покачување на цената на услугите за детските градинки и старски дом по одлука на управните...

Момче од крушевско почина од струен удар

Момче од крушевско го загуби животот откако бил погоден од струен удар и бил донесен без знаци на живот во прилепската болница. Дваесетгодишно момче од селото Саждево почина откако било погодено од струен удар, соопшти полицијата: На 12.03.2026 во 17:55 часот во СВР Битола е пријавено дека од с.Саждево, крушевско, во Општата болница Прилеп...

Се бара исчезната 31 годишна жена од с.Локвени

Во полицискатаа станица во општина Долнени е пријавено дека исчезната е 31годишна. Сопругоот вчера во попладневните часови забележал дека жената ја немало во домот. Имено, на 11.03.2026 во 12:00 часот во Полициското одделение Ропотово, лицето Н.З.(34) од с.Локвени, општина Долнени пријавило дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга Ф.З.(31)...