Во Третата лига – Југ сите играат в недела само ФК Бучин утре на “вештачка“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Претстојниов викенд е 2. рунда од Третата лига – Југ. Сите мечеви се играат в недела од 16 часот, освен еден, во Прилеп, на Игралиштето со вештачка трева, дуелот Ултрас – Бучин, чиј термин е в сабота од 16 часот. Поместувањето е на барање на клубот од Бучин, поради тоа што  жители на ова место в недела го празнуваат верски православен празник Мала Богородица.

Во лигата учествуваат 13 тима, бидејќи се откажа Слога од Лажани, така што во секое коло во Третата лига – Југ ќе има по еден екипа  слободен. Во 2. коло играат:

Ултрас – Бучин (в сабота од 16 часот), Млекар – Тополка, Борец – Влазними јуниор, Венец – Росоман, Башкими Ј. – Младост, Превалец – Питу Гули (в недела од 16 часот), а Дреново е слободно

Пишува Шампион ТУКА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: