Во тек се геомеханички истражувања за изградба на мост на Кочанска Река што ќе ги спојува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Започнаа геомеханичките испитувања на теренот каде што е планирана изградба на мост на Кочанска Река што ќе ги спојува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“,  истражувања коишто ќе ја определат носивоста на почвата во долните слоеви.

Според проектната програма за изработка на проектна документација, мостот треба да биде долг 30-ина метри и да биде на колови на поголема длабочина.

Изградбата на овој мост е со цел да се намали сообраќајот на улиците „Стево Теодосиевски“, „Глигор Апостолов“ и „Никола Карев“, чии профили не ги обезбедуваат потребната пропусна моќ, ниво на услуга, економичност и безбедност во сообраќајот.

Се очекува изградбата на мостот да овозможи олеснување на сообраќајот по овие улици и негово побрзо и побезбедно одвивање.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

45 годишна жена од Горни Подлог управувала возило со 2,63 промили алкохол во крвта

На 14.12.2025 во 20:01 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода Н.М.(45) од с.Горни Подлог, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно

И здраво и вкусно – Артисан пекара „Urban Bakery“ – Кочани со нови новогодишни изненадувања!

Во единствената артисан пекара во Кочани, Урбан Бејкери, здравата храна не мора да биде здодевна! Тука секој ден ве чекаат: -полубел, полу ржан леб со природен квасец -ржан леб со седум семиња, планински, француски, чијабата, фокача и многу, многу други свежо печени специјалитети. Нудиме врвни печива без адитиви за секој дел од денот. Ако ви