Во тек пријавувањето за Просветен работник за учебната 2024/2025 година-признание од Сојузот на просветни работници

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Сојузот на просветни работници традиционално и оваа година на 16.06.2025 објави известување  за отпочнување на постапката за прогласување Просветен работник на годината за учебната 2024/2025 г. Заинтересираните здруженија, активи на просветни работници, стручни тела на установата или самоиницијативно, кои би сакале да предложат свој колега/шка или самите да учествуваат за добивање на ова престижно признание потребно да исполнат одредени критериуми. Крајниот рок е 10 денови од објавата на известувањето.

За тоа што значи едно вакво признание кое во областа на просветената дејност е најпрестижно со оглед на тоа што наградата за вложениот труд доаѓа од колегите, разговаравме со Сузана Николоска, наставник по македонски јазик, добитник на многу награди меѓу другото и Просветен работник на годината.

– Основниот услов е кандидатот да има 15 години во воспитно образовната дејност. Кандидатот може и самоиницијативно да се пријави, да биде предложен од здружение, друштво на локално или регионално ниво или стручен актив. Условите на овој конкурс се постигнувањата во текот на воспитно образовниот процес и во дополнителната работа, слободните ученички активности, тие постигнувања крунисани со некакви награди. Исто така се важни и постигнувањата на ученичките натпревари, на тестовите на знаења: општински, регионални, државни и меѓународни натпревари.

Кандидатот треба да биде посветен во својата работа, треба да знае да ги инспирира и мотивира своите ученици, бидејќи работата со децата бара определена посветеност. Воедно, кандидатот треба да биде и истакнат просветен работник и во соработката со локалната средина. Важно е да се каже и тоа дека на државно ниво постојат многу здруженија кои доделуваат општински такви награди и доколку кандидатот е добитник на таква награда во оваа година, неговите документи треба да бидат планирани за наредната година, со цел да не биде вреднувано од две здруженија во иста учебна година.

Колку категории се опфатени и кога се доделуваат наградите?

Оваа награда е поврзана со Министерството за образование, односно се доделува на 5 ти октомври Светскиот ден на учителот. На тие наши богати програмски активности присуствува најчесто претставник од Министерството и ја доделува лично таа плакета со која што се именуваат просветните работници за најдобри во сите нивоа на образованието. Опфатени се детските градинки, потоа основното образование има две категории: одделенската и предметната настава, средното образование, можност имаат и стручните служби, стручните соработници. Исто така вклучени се и училиштата кои што работат со деца со ограничени можности и од малите заедници.

Сојузот располага со добро изготвени критериуми, во своите програмски определби во кои се нотирани овие критериуми и се јасни и транспарентни во известувањето, а проценката е индивидуална за секој просветен работник. Целта со ова известување е да се поттикнат сите просветни работници што упорно, трпеливо, посветено работеле во својот работен век да дојдат до оваа престижна награда бидејќи во ова време, во овој век на дигитализација кога треба да се прикажуваат сите награди, многу помага во кариерниот развој на наставникот кој што започна пред неколку години со добивањето на звање наставник – ментор.

Каков е интересот кај просветните работници за учество за добивање на признанието и што е тоа што ги поттикнува за да пријават колега/шка или пак самоиницијативно? 

– Во општина Прилеп има мало затишје на тој план и ова би сакала да биде голем поттик и да допре до сите просветни работници бидејќи последниве неколку години од нашиот град нема кандидати или не го достигнале добивањето на ова признание. Доколку се разгледа убаво овој конкурс-известување се надевам дека ќе се успее во таа постапка да се дојде до оваа престижна награда.

Би сакала да кажам дека Сојузот на просветни работници е непрофитна, невладина организација која што постои повеќе од 30 години. Формирана е 1993 та година. Првиот претседател е проф. д-р Јелица Јанкулоска. Во централно место на Сојузот од тогаш била токму оваа постапка за именување на најдобри просветни работници. Но, денес Сојузот ги следи трендовите во образованието, има збогатена програма со нотирани активности: обуки, предавања, дебати, соработка со институции, фактултети. Учество во проекти, има една широка лепеза на активности што навистина го овозможуваат овој кариерен развој на наставникот.

Која е вашата порака до просветните работници, до вашите колеги да се охрабрат да пријават колега/шка или самите тие да го заслужат ова признание?

– Признанието Просветен работник на годината е највисоко признание што може да го добие еден просветниот работник, бидејќи тоа е лична награда која што е секако поттик за секој просветен работник. Наставникот е човек кој што со голема љубов и посветеност ја извршува својата задача и мисија. Секој што посветено работи и знае да ги инспирира и мотивира своите ученици би требало да биде носител на едно вакво признание за да ја добие потребната сатисфакција односно тој фитбек како круна на се она што долги години работел со своите  ученици. На сите кандидати на овој конкурс им посакувам голем успех и им порачувам дека критериумите се навистина правични. Тука наставникот го оценува наставникот. Членовите на жири комисијата ( 5 ), се исто така добитници на едно вакво признание и познато им е што значи вложениот труд и прикачен документ што значи за оној што се пријавува.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Крушевчани фатени во кражба на огревно дрво

На 17.06.2025 на место викано „Слива“ и место викано „Чешма АРМ“, полициски служеници од ОВР Крушево од лицето И.Д. од Крушево, кој управувал патничко возило „опел корса“ со крушевски регистарски ознаки и од лицето М.З. од Крушево, кој управувал патничко возило „југо “ со крушевски регистарски оззнаки, одзеле огревно дрво....

Во блоковите за производство на струја во РЕК Битола настана пожар

Утрово, 18.06.2025 во 06.30 часот во Полициското одделение Новаци, од РЕК Битола било пријавено дека во 05.30 часот во просторот каде се сместени блоковите за производство на струја во РЕК Битола настанал пожар на заштитна куќарка. Од екипа на противпожарната единица на РЕК Битола пожарот бил изгаснат. Известен бил јавен...

На патот Градско-Прилеп се случи сообраќајна несреќа при судри на „матиз“ и „пежо“

На 17.06.2025 во 08.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случена сообраќајна несреќа. Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „матиз“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(62) од Прилеп и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.В.(51) од Прилеп. Во несреќата...