Во организација на Пингпонгарскиот клуб „Младост 96“од Прилеп, Пингпонгарската федерација на Македонија, со поддршка на Општина Прилеп на крајот од месецов и почетокот на март ќе се одржува петтиот по ред Меѓународен меморијален турнир „Илија Карески – Каре“. Според распоредот турнирот ќе се одржи на 28 февруари и 1 март во салата на ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп. Во тек е пријавувањето во повеќе категирии: млади кадетки и кадети родени 2013 и подоцна, кадетки и кадети родени 2011 и подоцна, јуниорки и јуниори родени 2007 и подоцна, апсолутна, ветерани од 40 до 49 години, ветерани од 50 до 64 и ветерани над 65 години.
Котизацијата за учество е: 10 евра (600 денари) за кадети, јуниори и ветерани, а 15 евра (900 денари) за апсолутна категорија.
Традиционално ќе се доделат парични награди и тоа: 120 евра за победникот во апсолутна категорија мажи, 80 евра за вториот, 50 евра за третиот, по 25 евра од четвртиот до осмиот, а кај апсолутната категорија за жени – 60 евра за првата, 40 евра за втората, по 25 евра за третата и четвртата.
Во останатите категории ќе се доделат пехари, недали и дипломи за сите од првото до четвртото место.
Пријавувањето е најдоцна до 26 февруари, на : rikaloskizlatko@yahoo.com и ppk.mladost96@gmail.com .









