Во тек повикот за две мерки за самовработување од Оперативниот план 2025

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430.500 денари (7.000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250.000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29 години што предвидува до 615.000 денари (10.000 евра) за почнување бизнис. На повикот може да аплицираат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, рурални жени, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жени жртви на семејно насилтсво, повратници од странство и граѓани кои сакаат да ја формализираат дејноста.

Од повикот се исклучени дел од земјоделските активности, такси превозот, игрите на среќа, осигурувањето и посредувањето при работување, а за лицата со попреченост и руралните жени се предвидени исклучоци согласно регулативата.

Повеќе информации на следниот линк 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

⭕Како од затвор избегани-им беше цел детското игралиште во Типската населба❗❗

Повторно по кој знае кој пат, спортското игралиште во Типската населба, синоќа беше цел на невоспитана група млади кои дивееле без око да им трепне уништувајќи ги реквизитите за вежбање. Колку треба човек да е незаводоволен од себе, од средината во која живее, колку треба да биде невоспитан да дојде...

За пензионерите со ниски пензии повторно бесплатен градски превоз

Пензионери со минимална пензија, оние кои во моментов добиваат до 19 900 денари, можата и оваа година  имаат можност да аплицираар за користење бесплатен градаки превоз. Поднесувањето на барањата, велат од ЈКП за ПУП, можат да се поднесат од денеска, 15.12.2025 до 15ти јануари идната, 2026 година. Барањата се поднесуваат...

Во ЈП за ПУП пензионерите со минималец доставуваат барања за бесплатен јавен превоз

Прилепските пензионери кои примаат минимална пензија и за наредната година ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз. За остварување на ова право потребно е пензионерите да се пријават, односно да поднесат барање до ЈП за ПУП, од каде преку соопштение информираа што е потребно: „Се информираат сите пензионери со...