Во тек е пријавувањето за Меморијалниот турнир во мал фудбал – Андреј Митев

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во тек е пријавувањето за Меморијалниот турнир во мал фудбал – Андреј Митев што втора година ќе се одржи во Општина Чешиново-Облешево.

Турнирот почнува на 31 август, а големото финале ќе се одигра на 17 септември.

Ова не е обичен турнир…Нема место за слаби срца. Ова е судир на најдобрите!
Публика што ќе грми, натпревари што ќе вријат од адреналин и атмосфера што ќе ја почувствуваш во коските! Собери ја екипата, пријави се и докажи дека сте вистинските шампиони. Играме за Андреј, играме со срце!
ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ОТВОРЕНО!
Почеток: 31 август
Финале: 17 септември
НАГРАДЕН ФОНД:
1. 130 000 денари 
2. 60 000 денари
3. 30 000 денари
4. 10 000 денари
Награди за најдобар играч, стрелец и голман.
Учество: 4000 ден
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ:
078-343-279 – Дамјан
078-270-062 – Бобан

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците