Во тек е големиот протест на жителите од Блатец…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Младите и жителите од село Блатец, вклучени во иницијативата „За чисто Блатец“, денеска излегоа на протест против изградбата на хидроцентралата на реката „Блатешница“.

Протестот започна во 15 часот и се очекува да трае до 17 часот.

Присутните извикуваа „УА ПРОФИТЕРИ“, изразувајќи незадоволство од досегашните активности поврзани со проектот.

Покрај редовните блокади и протестите, граѓаните подготвија и петиција во која ги изнесуваат своите барања.

Тие инсистираат на стопирање на изградбата на хидроцентралата и на спроведување на независна и целосна еколошка и хидролошка студија.

Исто така, бараат институциите да гарантираат заштита на водоснабдувањето, да ја почитуваат волјата на населението и да вложат во одржливи и еколошки прифатливи алтернативи за производство на енергија.Според иницијативата, постои реална опасност од исчезнување на околу 40 селски чешми, кои се главен извор на вода за жителите на Блатец.

Иницијативата „За чисто Блатец“ нагласува дека со протестот сакаат да го привлечат вниманието на јавноста и институциите за потенцијалните штети врз животната средина и локалната заедница.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео) Блокиран патот Виница – Берово: Жителите на Блатец на протест против хидроцентрала на Блатешница

Жителите на село Блатец денес искочија на протест на местото Скараница. Тие го блокираа регионалниот пат Виница – Берово, како револт против најавите за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Тие се противат на изградбата на хидроцентралата на реката Блатешница оти сметаат дека овој проект претставува сериозна закана за природната средина, водоснабдувањето, локалната заедница и

Вчера се одржа Годишно собрание на Македонска асоцијација на аматерски велосипедски здруженија и клубови

Македонска Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови МААВЗК вчера во Велес го одржа своето годишно собрание на кое досегашниот претседател Зоран Јаневски доби нов двегодишен мандат. Нов мандат од две години добија и Секретарот Живко Гурев од Тиквешки Точакџии – КАвадарци, како и потпретседателите Горанче Богоевски од  Macedonian bike riders од Скопје и Даниел

Aмфенол вработува…

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.