Во тек е дистрибуцијата на гласачките ливчиња за вториот круг од Локалните избори 2025

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

.Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола изутрината започна дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025. Од ДИК велат дека дистибуцијата на избирачкиот материјал се одвива без никакви проблеми.

В недела ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.

Локалните избори, според информациите на ДИК, ќе ги следат 1 569 набљудувачи, од кои 904 домашни и 651 меѓународни, а акредитирани за известување од изборите се и 14 странски новинари.

Поради недоволен цензус на првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се спроведе нова изборна постапка за избор на градоначалници. Гласањето, согласно Изборниот Законик, нема да се одржи во недела, туку во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025.

Во првиот изборен круг од Локалните избори 2025 беше извршен избор на градоначалник во 44 општини.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Конституиран Советот на Општина Прилеп, Билјана Кржеска е новиот претседател

Во општинската собраниска сала во Прилеп денеска беше конституиран новиот 27 член на Советoт, кој ќе работи во следните четири години и ќе донесува одлуки значајни за функционирањето на општината и за подобрување на животот на прилепчани. Новиот состав има 17 советници од ВМРО ДПМНЕ, шест од СДСМ со Коалицијата,...

Претрес во Прилеп, пронајдени муниција и пиротехнички средства, лишено од слобода едно лице

На 29.10.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода П.В.(40) од Прилеп. Врз основа на судска наредба од Основен суд  Прилеп, извршен е претрес во домот и помошни простории во Прилеп, сопственост на П.В., при што пронајдени и одземени се 13 боеви куршуми различен калибар, рамка за пиштол,...

Три лица повредени во сообраќајка во Прилеп

На 29.10.2025 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од бул.,,Гоце Делчев” и ул.,,Архиепископ Доситеј” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.А.(58) од Битола и патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(71) од...