Во спомен на Илија Милчин: За името Македонец се крикало и се пекало! (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На денешен ден, 11 март, 2002 година во Скопје почина прилепчанецот, Илија Милчин, драмски и филмски актер, режисер, преведувач, публицист, еден од основачите на МНТ, почесен член на ДПМ.

Милчин е  роден  на 19 јуни 1918 во Прилеп.   Студирал на отсекот за театарска уметност на Музичката академија во Белград (1941). Дипломирал на Правниот факултет во Софија (1942). Кон крајот на четириесеттите години посетувал постдипломски студии за режија на Државниот театарски институт (ГИТИС) во Москва. Пред почетокот на Втората светска војна, во Прилеп формирал аматерска театарска група, чиишто членови кон крајот на војната се приклучиле кон Културно-уметничката група „Кочо Рацин“ во Горно Врановци (1944). Учествувал во формирањето на Македонскиот народен театар/МНТ (1945), каде што работел како актер и режисер (1945-1983), а ја извршувал и функцијата директор на Драмата (1964-1969).

Формирал и раководел Областен македонски народен театар во Горна Џумаја (денешен Благоевград), Република Бугарија (1947/1948). Во Државна средна театарска школа во Скопје работел како наставник по актерска игра и по историја на театарот (1947-1951). Работел како вонреден професор по актерска игра на отсекот за соло-пеење (1968) и на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1970).

До 1973 година бил шеф на Катедрата за актерска игра на Факултетот за драмски уметности, а од 1999 година на овој Факултет на отсекот за актерска игра бил хонорарен професор по предметот правоговор.

Неговиот преведувачки опус опфаќа голем број значајни дела од руски, хрватски, бугарски и француски автори. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Јован Стерија Поповиќ“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“.

Видео: Горан Марковски-Бардовите на македонското глумиште

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пронајдени три гранати калибар 75 мм од Првата светска војна

Во Новаци на депонија, повторно пронајдени гранати.Трите гранати се од Првата Светска Војна. На  22.03.2025 во 10.39 часот во СВР Битола И.Т.(38) од с.Новаци , општина Новаци пријавил дека на депонија Мегленци биле пронајдени три артилериска гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна, при што истите од страна...

Тепачка на 8 малолетници во Точила го нарушил јавниот мир

Меѓусебната тепачка на 8 малолетнници вонас.Точила го нарушила јавниот ред и мир за што морала да интервенира полицијата. На 22.03.2025 во 23.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. „Браќа Миладиновци“ во населба Точила во Прилеп осум малолетници го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. По...

Пет малолетнички нападнати на плоштадот во Прилеп

Вчера, пет малолетнички околу 19, 00 часот биле нападнати на плоштад и допирани по телото. Во полицијата пријавила мајките на едно од девојчињата. Имено, на 22.03.2025 во 22.00 часот во ОВР Прилеп,  37-годишна жена од Прилеп пријавила дека на 22.03.2025 околу 19.40 часот нејзината малолетна ќерка, заедно со нејзините четири...