Во Спанчево за прв пат над 100 деца ќе го најават Христовото раѓање

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Во селото Спанчево, за прв пат, повеќе од 100 деца ќе учествуваат во традиционалната бадникова поворка и ќе го најават Христовото раѓање со пеење на песната “Вечниот Бог”.
На 7 јануари, детската поворка ќе започне во 9 часот од храмот „Свети Архангел Михаил“, а ќе се упати кон главниот влез на селото, односно кружниот тек.
Настанот е дел од локалните бадникови свечености, кои со години се одржуваат во Спанчево и претставуваат важен дел од верските и културни обичаи на оваа заедница. Дечињата, со своето пеење и радост, ќе ја пренесат радоста на Христовото раѓање и ќе ја засилат празничната атмосфера во селото.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани

Активностите за расчистување на отпадот на јавните површини во Кочани денеска продолжија со отстранување на мини-депонијата создадена на Полатски пат, во близина на Фабриката за вода во Кочани. Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“, со помош на механизација го отстрани насобраниот отпад, а лицата за одржување на комунална хигиена ги чистеа остатоците  на овој потег

Техничар за контрола на квалитет –Nox

Моментално имаме потреба од 1 (едно)ново вработено лице за работно место:   Техничар за  контрола на квалитет –Nox   Одговорности и задачи: –               Работни и технички постапки, конкретна работа со опремата –               Извршување на мерењата и евалуација според работно упатство –               Извршување на мерењата и евалуација според инструкциите за проверка –               Директна комуникација со операторите

Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“

По барање на жители од населбата Трајаново Трло, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов направи увид на улицата „Константин Апостолов“. При средбата со жителите беше разговарано за актуелните проблеми и потребите за нивно надминување. Со поддршка од општинските служби, се бараа начини за  поефикасно справување со нехигиената, за соодветно индивидуално одлагање на отпадот и за