Во сообраќајна незгода тешко повредени двајца малолетни, сопатници на возраст од седум и девет

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, прилепчанец  изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

На 01.02.2026 во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, информираат од СВР Битола.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Намален бројот на основци, а зголемен бројот на средношколците!

Бројот на учениците во редовните основни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесувал 174 040, што претставува намалување за 3.6 % во однос на претходната учебна година. Во оваа учебна година биле запишани 17 921 првачe. Бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната  2025/2026 година...

Министерот Цветан Трипуновски утре на работен состанок во Прилеп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски утре ќе оствари работен состанок со претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци. Според најавата од кабинетот на министерот, состанокот е закажан со почеток во во 11.00 часот во хотелот Салида и се очекува да присуствуваат претставници на здруженија на одгледувачи на...

Меѓународниот ден на Ромите 8 ми април, во Прилеп ќе се одбележува со култура и уметност

По повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, Општина Прилеп организира настан со наслов „Гласот на успехот – Ромите во современото општество“, кој ќе се одржи утре (среда), 8 април 2026 година, со почеток од 17:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“. Програмата има за цел да ја...