Во прилепско гори на две локации -депонијата Дебреште и кај Бешиште

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Депонијата кај Дебреште, долненско не престанува да гори, прилепските пожарникари неколку денови се ангажирани за ставање под контрола на пожарот со цел да не се прошири на околните ридови или кон селото. Додека, пожарот во мариовско е  гори веќе 14 денови, но е ставен под контрола.

– Пожарот кај Бешишки рид е ставен под контрола, локализиран е во еден непристапен дел од мешана шума од бор и бука. Тоа е приземен пожар, се чистеа пристапните патишта од македонски шуми, за да не може пожарот да се шири. Моментално таму работата ја презедоа Македонски шуми од Прилеп, Кавадарци и Битола при што се ангажирани 15 тина вработени од ова јавно претпријатие. Станува збор за голема површина близу границата со Грција, месноста Железна врата, вели Виктор Стојчески, командир на ТППЕ Прилеп.

Денеска, 11 јули, до 12:30, има вкупно 14 пожари во Македонија, информираше ЦУК. Од нив активни се 4, под контрола се 6, локализирани се 2 пожари и 2 пожари се целосно изгаснати.

Освен во прилепско, пожари има повеќе локации низ државата, вклучувајќи во Општина Чучер-Сандево, каде гори шумска површина, во Општина Македонски Брод активни се два пожара, во општина Дојран, општина Чашка и во општина Тетово.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: