Во Прилеп одбележани 10 години од Диво Насеље

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска се навршуваат 10 години од крвавиот терористички напад во кумановско „Диво насеље“. Еден од загинатите македонски бранители е и 27-годишниот Ненад Серафимовски, кој по мајчина страна има прилепско потекло. Неговото семејство, соборците, пратеници, градоначалникот Борче Јовчески, претставници од ЛС Прилеп, граѓани, денеска положија венци пред неговиот споменик во Прилеп, кој семејството го подигна во негова чест пред неколку години во Паркот од прилепскиот Основен суд.

„Цената беше висока за чување на интегритетот и суверенитетот на нашата држава и мислам дека успеавме како држава да се соочиме и со тој предизвик, – изјави Дејан Проданоски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Ова да не се повтори, Ненад Серафимовски да биде последната жртва кој што го даде животот за овој безгрижен, сигурен начин на покажување на љубов кон татковината, – посочи Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

При терористичкиот напад во „Диво Насеље“, освен Ненад, загинаа и Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исмедин Османи, Сашо Самојловски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медалји за храброст. Во 2017-та година за виновни беа прогласени 33 лица, седум од нив добија доживотна робија, 13 беа осудени на 40 години затвор, шестмина по 20 години, а останатите добија од 12 до 18 години затвор, а десетмина од терористите беа убиени уште при престрелките.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се санира обиколниот пат кај новите гробиштата

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со санирање на обиколниот пристапен пат до Новите градски гробишта. Моментно се врши ризлање и тампонирање на дел од патот кој често се оштетува поради поројни дождови и атмосферски влијанија. Целта, велат оттаму, е подобрување на пристапот и спречување на поголеми оштетувања на обиколниот пат, ...

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...