Во Прилеп и Крушево спроведени засилени контроли за почист воздух последната седмица од јануари

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Девет општини доставиле извештаи за реализирани активности за периодот од 27ми до 31 јануари 2025 година во Министерството за животна средина и просторно планирање согласно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024-2025 г.   Секоја општина: Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба, Кисела Вода, Струмица и Крушево ставила акцент на различни извори на загадување кое било предмет на инспекциски надзор.

Општина Прилеп, во текот на наведената седмица, спровела пет инспекциски надзора, од кои четири биле кај автосервиси, а еден е кај правен субјект што врши ископ на мермер. Кај автосервисите се извршени мерења на емисиите од стациониран извор.

Општина Крушево го стави акцентот на зајакнатите акциски контроли на техничката исправност на возилата што учествуваат во сообраќајот, на патиштата. Акцентот е на издувните гасови од возилата, особено од оние со дизел-горива, тешките товарни возила и нерегистрираните возила.

Во Охрид, акцентот е ставен на контролата на исправноста на возилата и на намалувањето на издувните гасови од сообраќајот и е извршен вонреден инспекциски надзор на две градилишта, при што не се забележани недозволени емисии од загадувачки супстанции.

Инспекциските служби на Општина Битола, во втората половина на јануари, извршиле контролни надзори на три инсталации со Б-дозволи и ги задолжиле да преземат мерки за сведување на емисиите во воздухот во законски дозволените граници. Во моментот се чекаат резултатите од нови мерења. Исто така, извршени се надзори во 11 автосервиси за постапување со отпад и не е констатирано согорување на отпадно масло и се постапува со него согласно со закон: привремено е безбедно складирано и се предава на овластени субјекти. При континуираните контроли, комуналните инспектори не констатирале горење отпад на отворено.

Во Општина Штип се извршени пет инспекциски надзори кај правни субјекти што поседуваат Б-дозвола и три се задолжени да извршат мерења пропишани во самите дозволи. Исто така, извршени се 14 вонредни инспекциски надзори кај субјекти што поседуваат елаборат за заштита на животната средина, од кои кај шест правни субјекти што извршуваат дејност  преработка на дрво и дрвни производи, вклучувајќи и изработка на мебел, е издадено решение за постапување за мерења согласно со елаборатот.

Во Општина Тетово, инспекциските служби извршиле инспекциски надзор. Инспекциските служби во Тетово спровеле инспекциски надзор кај пет правни субјекти и не биле забележани неправилности кај нив. Во процесот на производство, два субјекти користат електрична енергија, а три огревно дрва (главно, пекарници).

Во Општина Гази Баба се спроведени инспекциски надзори согласно со одредбите од Законот за урбано зеленило, при што комуналните инспектори на Општина Гази Баба изрекле 12 казни. Исто така, изречени се седум казни согласно со Законот за јавна чистота, а е направена обиколка на сите критични точки каде што најчесто се случуваат прекршоци во поглед на депонирањето и/или палењето отпад и е изречена една казна за несоодветно депонирање отпад. Констатирано е дека сериозен проблем за Општина Гази Баба се домаќинствата што се загреваат согорувајќи дрвен отпад (иверки, отпадни штици и слично). Опоменати се две физички лица по овој основ и наложено е итно отстранување на отпадот од дворните места и користење огревно дрво за затоплување.

Извршена е проверка на спроведувањето на мерките за намалување на загадувањето (правилно депонирање на отпадот, работа со посебни маневри што нема да предизвикуваат прав и сл.). Се врши редовна контрола на возилата што излегуваат од градилиштата и им се препорачува на инвеститорите да ги мијат тркалата на возилата пред излез од градилиштата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепското КУД „Мирче Ацев“ ќе настапи на Меѓународните фолклорни средби во Кавадарци

Прилеп ќе настапи на Кавадаречки  фолклорни средби кои ќе се одржат од 3 до 5 јули во Кавадарци. На оваа меѓународна културна манифестација ќе настапат фолклорни друштва од Македонија, Србија, Литванија, Турција и Мексико. Културно уметничко друштво „Мирче Ацев” е основано далечната 1947 година во Прилеп и е интерпретатор на...

Затворениците од Казнено-поправниот дом Прилеп вклучени во работни жетварски активности

Започна жетвата на 160 декари посеани со јачмен, како дел од планираните земјоделски активности на установата Казнено-поправниот дом Прилеп.   Производството на јачмен  за оваа установа е важено за обезбедување храна на сточниот фонд, во сопственот на установата.Тоа придонесува за поголема самостојност и функционалност на интерните капацитети,велат од Казнено-поправниот дом...

Најголема миграција има во Пелагонискиот регион – населението забрзано старее, државата забрзано се празни

Најголема внатрешна миграција има во Пелагонискиот регион! Миграцијата останува најсериозен и најзагрижувачки проблем во Македонија,велат статистичкитe податоци при Заводот за статистика при Р.Македонија. Намалувањето на населението се должи на иселувањето и на ниската стапка на наталитет. Според Заводот за статисика  внатрешните миграции во Македонија е најголема или е најчеста во...