Во пресрет на Св. Трифун во Кучичино се одржаа спртските игри 2026

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во пресрет на празникот Св. Трифун, во селото Кучичино се одржаа низа спортски активности кои поминаа во одлична атмосфера, исполнета со спортски дух и дружење.

Настанот привлече голем број учесници и посетители, кои заеднички придонесоа денот да биде вистински празник за селото.

Во рамки на програмата беа организирани детска, женска и машка трка, турнир во пинг-понг, како и избор на најдобар винар, со што симболично беше одбележан празникот посветен на лозарството и виното.

Победници по дисциплини:

Детска трка
Давид Кцев
 Леон Ристов
Јован Стојанов

Женска трка
 Јована Стојанова
 Мелани Ѓоргиева
Мартина Арсова

Машка трка
 Никола Димитров
 Теодор Наков
Иван Стојанов

Пинг-понг турнир
 Вили Ангелов
 Лука Стојанов
 Зоран Леов

Најдобар винар
 Александар Ацов

Организациониот одбор упатува честитки до сите победници, но и до сите учесници кои беа дел од активностите, потенцирајќи дека најважни се дружењето, спортскиот дух и заедништвото.

Со ваквите активности сакаме селото да биде исполнето со живот, народ и позитивна енергија. Целта ни е да ја негуваме традицијата, да го зајакнуваме заедништвото и да создаваме моменти кои ќе нè поврзуваат и во иднина, велат од Организациониот одбор за прослава на Св. Трифун – Кучичино.

Инаку, в сабота, 14 февруари на празникот Св. Трифун во Кучичино продолжува традиционалната манифестација со музика во живо.

Годинава за тоа е задолжена естрадната ѕвезда Ленче Кукиќ, настанот започнува вo 14 часот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

53 годишен маж од Кочани тешко повреден додека работел во виничко

На 06.06.2026 во 12:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека во с.Лески, виничко А.К.(53) од Кочани додека извршувал работни задачи како вработен во фирма се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и известен е јавен обвинител.

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат