Во пожар ноќеска изгореа автобуси на плац кај Оризари, Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 Ноќеска избувна пожар на плац лоциран веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол“ кај населбата Оризари, на излезот од Кочани, при што беа зафатени и целосно изгореа неколку автобуси.

Пожарот бил пријавен во текот на ноќта, по што на терен излегле екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани. Интервенцијата траела неколку часа, а засега нема информации за повредени лица.

Причините за пожарот сè уште не се познати, а увид на местото на настанот вршат припадници на полицијата и противпожарните служби.

Локалните жители изразија загриженост бидејќи плацот се наоѓа во непосредна близина на бензинската пумпа, што ја зголемува опасноста од поголема катастрофа.

Од надлежните институции се очекува наскоро да излезат со повеќе информации за причините и последиците од пожарот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИТНО И ПОВОЛНО СЕ ПРОДАВААТ МАШИНИ СОЧУВАНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ…

Се продаваат индустриски машини за шиење: Ибердек и опшиварки. Машините се добро сочувани и функционални. Цена по договор! Информации на:   077/ 624 – 181

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка